Земјоделските површини и пасиштата намалени, производството зголемено
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во 2018 година, во споредба со 2017 година, производството бележи зголемување речиси кај сите посеви и овошје.
zemjodelie 1Државниот завод за статистика соопшти дека во 2018 година во споредба со 2017 година, земјоделските површини се намалени за 0,1 процент. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,3%, кај овоштарниците за 1,7 и кај лозјата за 1,6. Намалување е забележано кај ливадите за 0,4% и кај пасиштата за 0,5%.
Производството на кравјо млеко во 2018 година изнесува 404.230.000 литри што е за 2,6% повеќе во однос на 2017 година. Зголемување на производството во 2018 година е забележано и кај овчото млеко за 3,4%, како и кај козјото за 18,7%.
Вкупното производство на месо е намалено за 2,7%. Зголемување на производството бележи само овчото месо и тоа за 0,7 %. Забележано е и намалено производство на јајца и на волна.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, во споредба со 2017, вкупниот број говеда е зголемен за 0,4%.
Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 0,9%, додека кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е намален за 14,8%. Бројот на свињите кај деловните субјекти е зголемен за 17,9%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 12%. Зголемување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0,9 %, а кај деловните субјекти бројот е намален за 17,2. Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 27,8%, а кај деловните субјекти за девет проценти. Бројот на живината, пак, е намален за 0,6%.
Државниот завод за статистика ја соопшти и бруто-додадената вредност во земјоделството во 2017 година. Изнесува 44.907 милиони денари и во однос на 2016 година бележи номинален пад од 12,8%.
Растителното производство во 2017 година, кое учествува со 65% во вкупното производство, бележи опаѓање од 13,6% во однос на 2016 година. Вредноста на добиточното производство, кое учествува со 24,2% во вкупното производство, опаднало за 2,8%. Меѓуфазната потрошувачка бележи опаѓање од 4,8%. Намален е и номиналниот доход од производните фактори по работна единица за 5,7%, додека реалниот доход од производните фактори бележи опаѓање од 5%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×