Зголемена продажбата на руска нафта во САД поради санкциите кон Венецуела
Објавено на од во Економија
Испораката на руска нафта во САД се зголеми откако Вашингтон во јануари воведе санкции за венецуелските нафтени компании и доставките од Венецуеала сопреа целосно.
oil-productionВо првите пет месеци од годинава САД увезле пет милиони барели сибирска нафта од типот „Јуралс“. Споредбено, за цела 2018 година САД увезле 7.5 милиони барели таква нафта, а во 2017 година само 1.58 милиони барели.
Зголемените доставки на нафта од Русија во САД се резултат на двојното намалување на производството на нафта во Венецуела. Државата лани во мај произвела 1.33 милиони барели нафта, а годинава во март само 744 илјади барели.
Намалувањето на производството на венецуеалска нафта е поврзано со санкциите неметнати од САД кон државната нафтена компанијај „ПДСВА“ и нејзината американска филијала „Цитго Петролеум“. Услов за укинување на санкциите е заминување на актуелнот претседател Николас Мадуро и распишување нови избори.
По стапувањето во сила на санкциите извозот на „ПДСВА“ се намалил за 40%, а дотогаш САД беа најголемиот купувач на венецуелскиот минерален ресурс.
Доставките на нафта од Русија нагло се зголемија годинава во март. Според „Каракас Капитал Маркетс“, консултантса куќа од Венецуела со канцеларии во Њујорк, Мајами и Лондон, толку многу руска нафта во САД се продавала само во 2011 година.
-Иронично, но Русите имаат полза од колапсот во Венецуела: Во нивното снабдување со нафта САД заменија една непријателска и санкционирана земја со друга непријателска и санкционирана земја, изјавија од „Каракас Капитал Маркетс“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×