Зголемете ја својата конкурентност: Дајте им на членовите на бордот јасни одговорности
Објавено на од во Компании

Компаниите денес работат во комплексно и ризично окружување. За да се снаоѓаат подобро во сe’ потешките улови, многу компаниски шефови – претседатели или главни извршни директори размислуваат подлабоко околу тоа кој да седи на долгата конференциска маса и што треба да биде на агендата. Но, ако “кој“ и “зошто“ се добри појдовни точки, не треба да се застане на нив. Вистинските предизвици и прилики лежат во тоа како всушност членовите на бордот соработуваат меѓу себе.

839-Bord

Во корпоративното управување, често се случува неуспех да се разјаснат задачите и одговорностите. Недостатокот на јасност многумина членови на бордот (во натамошниот текст директори, за да се издвојат од менаџментот, н.з.) може да ги доведе до две екстремни ситуации. Некои од нив се соживуваат премногу со своите улоги, им „танцуваат по нервите“ на менаџерите, создавајќи конфузија и намалувајќи ја способноста на фирмата да ги искористи пазарните можности. Други пак,  директори не успеваат целосно да се ангажираат, заземајќи ги скапоцените фотелји некому чии што идеи  и напори би можеле навистина да и помогнат на фирмата да оди напред. Уште пострашно, премалку ангажираниот директор може лежерно да даде поддршка на залагањата на оној што е премногу “загреан“ иако мотивите на овој вториот може и да не се во најдобар интерес на компанијата.

Директорите кои што не разбираат во целост како треба да функционира бордот, ја чинат компанијата и време и пари, затоа што придонесуваат премалку или премногу. Бордовите  што ќе го сфатат ова, работат за доброто на компанијата и создаваат конкурентска предност. Главните извршни директори на компаниите треба да им помогнат на членовите на бордот да ја постигнат оваа цел.

CEO-то мора да работи со својот борд за да може да се повлече линијата помеѓу тоа што се очекува од него, а што од компанискиот менаџмент. Во многу големите компании, CEO-то обично бара активно учество на бордот во развојот на стратегијата, но не и голема инволвираност  во нејзиното спроведување.

Да се знае што прави бордот, а што извршните менаџери

Во помалите компании, СЕО-то често инсистира членовите на бордот да ги засукаат ракавите и да пополнат празнини кај што треба. На пример, мала компанија со стратегија за раст што зависи од зголемување на капиталот може да побара помош од членовите на бордот во привлекувањето потенцијални инвеститори. Најдобрите директори секогаш имаат респект за заложбите на СЕО-то и навистина сакаат да помогнат.

Има моменти кога бордовите треба да ја предводат дискусијата околу стратешките правци на компанијата, да советуваат за области кај што имаат особена експертиза, или само да бидат информирани за тоа каде менаџментот ја води компанијата и оние директори што се со порелевантна експертиза или искуство, да даваат совети.

Бордовите што работат координирано и ефикасно со нивните извршни директори и менаџмент тимови им овозможуваат на компаниите да пронајдат, проценат и искористат прилики што ги дава паззарот. Ова може многу поквалитетно да се направи ако членовите на бордот точно ја знаат линијата помеѓу она што тие го прават и она што менаџментот го прави, и ако точно разбираат како тие може да придонесат за развој на компанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×