Жан Клод Јункер предложи 5 сценарија за развој на ЕУ
Објавено на од во Профил

manar-06586160014738577632Европа во две брзини станува се пореална опција

Првичниот впечаток кој се добива од “Белата книга за иднината на Европа” која беше претставена од Јункер, е дека се претпочита Европа во повеќе брзини.
Она што Јункер го даде до знаење дека тој е против тоа Европската комисија да биде само администраторна заедничкиот пазар и дека не верува во можноста ЕУ да напредне многу повеќе во интеграцијата. “Ние не сме Соединети европски држави”, изјави Јункер и посочи дека во ЕУ има многу повеќе интереси кои сакаат композицијата да ја одвлечат во различна насока.

 

Планот за иднината на Европската унија (ЕУ), кој неделава беше претставен од претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод Јункер, предлага пет сценарија за развој на Европската унија до 2025 година.

Првичниот впечаток кој се добива од “Белата книга за иднината на Европа” која беше претставена од Јункер, е дека се претпочита Европа во повеќе брзини.

Предлозите од Европската комисија доаѓаат како подготовка пред средбата на 27-те земји членки на ЕУ која треба да се одржи на 25 март. Тогаш ќе се одбележи 60 годишнината од потпишувањето на основачките договори на ЕУ и се очекува да се стави во фокус процесот каде ќе се движи Европската унија, посебно по излегувањето на Велика Британија.

“Тоа треба да биде роденденот на ЕУ, но треба да одговориме и на прашањето Quo vadis Europe”, изјави Јункер.

Раѓањето на Европска Унија во две брзини

Освен сценаријата Европа во две брзини и запазувањето на status quo, Европската комисија разгледува уште три можни сценарија.

Првото е намалување на амбициите на ЕУ до понатамошно развивање на единствениот пазар и откажување од изградба на општа одбранбена политика или заеднички дејства во социјалната сфера. Тоа е политика, која беше поддржана од Велика Британија, која често беше обвинувана дека ги стопира поамбициозните планови на Брисел.

Втората е разделување на земјите членки на групи (Европа во повеќе брзини), во кои дел од нив се интегрираат повеќе или согласност на 27 земји да изберат области за засилена соработка, и да ги намалат амбициите во некои други области (да правиме помалку, но поефективно). Така тие ќе се фокусираат на неколку клучни области, кои се важни за европските граѓани, како на пример заедничка гранична безбедност, но и ограничувањена области каде ЕУ и така има мали можности да ја промени ситуацијата, како на пример во здравството.
Се тврди дека ова е сценариото кое го претпочита и Јункер.

Последното сценарио “Да правиме многу повеќе заедно” предвидува Европската унија да ја засили интеграцијата во сите можни области. Таа опција би била претпочитана за повеќето луѓе, кои сакаат посплотен сојуз и е претпочитана од ЕУ од гледна точка на решавање на проблемите во управувањето во еврозоната. Овој потег меѓутоа може да го засили и евроскептицизмот.

Она што Јункер го даде до знаење дека тој е против тоа Европската комисија да биде само администраторна заедничкиот пазар и дека не верува во можноста ЕУ да напредне многу повеќе во интеграцијата. “Ние не сме Соединети европски држави”, изјави Јункер и посочи дека во ЕУ има многу повеќе интереси кои сакаат композицијата да ја одвлечат во различна насока.

Само две сценарија

Ако се прифати дека статус-квото е неприфатливо, од наведените сценарија за иднината на ЕУ остануваат само две – разделувањето на државите-членки на групи, во кои дел од нив ќе се интегрираат повеќе; или согласност на 27-те да изберат области за засилена соработка, откако ќе ги намалат амбициите во останатите.

Пример за првата варијанта е еврозоната, а за втората сегашната дејност на ЕК, која се сосредоточи само во неколку главни области – енергетски сојуз, враќање на заедничкиот дигитален пазар, планот за инвестиции „Јункер“, заедничка миграциска политика. Претседателот на ЕК всушност им се пофали на пратениците со последното, кое, според него, одговорило на повиците на европските граѓани ЕУ да не се занимава со сѐ, а само со тоа што им носи реална корист на луѓето.

За разлика од извештаите на иста тема на Европскиот парламент, документот на ЕК не исцртува некоја јасна патека за реформи. Според Јункер, тој треба да ги нафрли само најопштите црти на дебатата, а деталите да се изјаснуваат подоцна.

„Белата книга за иднината на Европа“ веќе беше критикувана од социјалистите, кои ја нарекоа „политичка грешка“, зашто не претставува поамбициозен план. Џани Патела алудираше дека овој приод е преземан за да се задоволат политичарите во државите каде што претстојат избори. Германската канцеларка Ангела Меркел, која годинава ќе се обиде по трет пат да стане канцелар, веќе изјави дека претпочита Европа во повеќе брзини.

Всушност, досега во ЕУ се применувале различни варијанти на секој од овие приоди, но никогаш немало таков распоред на силите што би можел да ги сврти уздите одлучно во одредена (една од тие) насока. Сега, со претстојното излегување на Велика Британија од ЕУ, балансот се менува и ќе нема како, на пример, државите надвор од еврозоната да ја блокираат желбата на земјите што користат евро, да ја засилат својата интеграција.

Овој приод е поддржан од Париз и од Берлин, кои сметаат дека има потреба од повисока хармонизација на нивните економски политики и засилување на управувањето на еврозоната. И покрај тоа што ова во теорија не би требало да ги нарушува интересите на останатите држави членки, евентуалното создавање на посебен буџет на еврозоната не може да не влијае и на заедничкиот европски буџет, со сите последици што би произлегле.


Оние кои се во еврозоната се во првата брзина ?!

Но, планот на Јункер наиде на спротивставување од страна на некои источноевропски држави, предводени од Полска и Унгарија. Тие се плашат дека можат да бидат маргинализирани од воведувањето на француско-германско јадро на Европа.

Унгарскиотекономски министер Михали Варга предупреди дека големите играчи во Европа можат да ги омаловажат земјите кои ќе одлучат да не се приклучат кон еврото. И дополни дека тоа може дури и да доведе до социјално незадоволство во земјите кои се оставени на опашката на Европа.

“Има вистинска опасност оние кои сакаат Европа во две брзини да кажат дека оние кои се во еврозоната се внатре, а оние кои не се, остануваат надвор”, изјави Варга.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×