Жарко Луковски заминува од Телеком – ќе го замени Назим Буши
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Досегашниот главен оперативен директор на Македонски Телеком, Жарко Луковски, поради истекување на менаџерскиот договор, на 30-ти овој месец заминува од компанијата. Неговата функција во период од три месеци, почнувајќи од 1 јули, ќе ја извршува Назим Буши, досегашен заменик претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, соопштија од Компанијата.

Луковски, кој беше извршен член на Одборот на директори во функција на главен оперативен директор на Македонски Телеком, беше на највисоки раководни позиции во компанијата од 2006 година. Во 2010 година назначен е за главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија, а во 2015 година за главен оперативен директор на Македонски Телеком.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×