Жбогар: Дојдено е време да се избере спикерот на Собранието и да се формира владата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата“, порача шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, при денешната посета на општина Неготино во рамки на кампањата „ЕУ за тебе”.

„За сите прашања постои вистинско време. Имаше време што беше одредено за избори и време што беше оделено за дискусии и за дебати после изборите. Мислам дека е сега време да се постави потребата за формирање на институциите“, рече Жбогар, запрашан како ја коментира актуелната политичка ситуација во Македонија.

„Мислам дека е дојдено време и власта и опозицијата, како и сите луѓе во вашата земја да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе за да бидат единствени. Тоа е многу важно за иднината на вашата земја и за процесот на евроинтеграција за кој сме сите заинтересирани да продолжи“, рече Жбогар.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×