Жбогар очекува земјава во јуни да добие преговори со ЕУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Најважното прашање за името со Република Грција е затворено, како и добрите односи со другите соседи.
zbogar-200984Очекувам и се надевам дека во јуни земјите членки ќе усвојат позитивен извештај за да може Северна Македонија да добие преговори за членство во ЕУ, истакна денеска амбасадорот на ЕУ во нашата држава, Самуел Жбогар при посетата на Струмица.
Додаде дека најважното прашање за името со Република Грција е затворено, како и добрите односи со другите соседи.
„Сега е потребно да ги видиме реформите, кои ги следиме и во јуни ќе се направи проценка и се надевам дека потоа ќе почнат преговорите, зашто токму тие преговори ќе ја донесат промената која сакат да ја видат не само младите, туку и граѓаните на земјата“, рече амбасадорот Самуел Жбогар.
Тој денеска оствари средба со ученици од Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, а се сретна и со градоначалникот Коста Јаневски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×