Жбогар: Одложувањето на пописот е логично за да нема политичко влијание
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека одложувањето на пописот поради одлуката за предвремени парламентарни избори е логично за да нема политичко влијание, но се надева дека тој ќе се одржи најдоцна до 2021 година, кога ваква статистичка операција ќе спроведат и други европски држави.
лупа„Пописот мораше да се одложи поради одлуката на властите да се одржат предвремени избори. Одложувањето е логично во овие околности. Пописот е процес од кој имаат корист сите граѓани и треба тој да биде ослободен од политичко влијание. Разбравме дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред и се надеваме дека ќе има и политичка волја за да се заврши оваа операција. Очекуваме да видиме како ќе се одвива пописот веднаш штом сите услови ќе бидат исполнети, а најдоцна до 2021 година кога и останатите европски држави ќе го организираат пописот“, истакна денеска Жбогар во обраќањето по повод одбележувањето на Европскиот ден на статистиката.
Пописот, според Жбогар, ќе донесе нови податоци како најдобро да се креираат јавните полтики за населението како што се здравството, образованието и управувањето со отпад.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×