Жбогар: Со нетрпение очекуваме формирање на нова влада
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Очекуваме што поскоро да се формира влада во чиј фокус на активности би биле евроинтеграциите како цел која ја поддржуваат сите политички партии во земјата. Одлуката за тоа е во рацете на партиите во Парламентот“, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Прилеп.

„Со нетрпение очекуваме формирање на новата влада. Гледаме дека сите политички партии во земјата ја поддржуваат агендата на ЕУ. Веруваме дека токму оваа ЕУ агенда е центарот или ткивото кое би ги обединило сите политички партии во земјата, и таквата агенда секогаш ќе има потреба од широка поддршка, не само од партиите кои се на власт, туку и од опозицијата. Токму на тој начин или во тој контекст ние гледаме една силна влада која ќе притиска, или ќе работи на имплементација на ЕУ-агендата и ќе направи прогрес“, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање што да се очекува и какви пораки ќе испрати еврокомесарот Јоханес Хан кој се најави дека в четврток ќе дојде во посета на Македонија..

На прашањето дали широка коалиција ќе ја надмине политичката криза во земјава, Жбогар рече дека создавањето коалиција или каков било вид влада што ќе се формира е одлука на политичките партии.

„Тоа е работа или одлука на политичките партии во Парламентот да одлучат каков вид коалиција, каков вид влада сакаат да формираат. Ние како ЕУ немаме никаков став или гледиште во врска со тоа прашање. Меѓутоа, тоа што е во наш интерес е да се формира една силна коалиција во поширокиот контекст, во контекст на тоа без разлика дали партиите се на власт или опозиција, сите да дадат поддршка на реализација на ЕУ-агендата“, рече евроамбасадорот Жбогар при денешната посета на Прилеп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×