Жбогар: Тоа што турнејата на Јункер почнува од Скопје е порака сама по себе
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Посетата на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на Скопје, претставува порака самата за себе. Тој ја почнува турнејата по земјите од Западен Балкан и прва станица е токму Скопје и тоа е порака самата за себе.

Ова го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар на прашањето на МИА, за тоа каква порака носи Јункер во недела во Скопје.

„Од друга страна, познато е дека Европската унија е тука за вас. ЕК на многу јасен начин спомна во стратегијата дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ. Неговата порака е охрабрувачка – да ги забрзате реформските процеси со што ќе го скусите патот до ЕУ“, изјави Жбогар.

Посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

„Останува до земјата, на политичките лидери во Скопје, да ги направат вистинските напори, да ги забрзаат активностите, реформските процеси, за да вашите граѓани ја искористат понудата на ЕУ“, порача Жбогар од Дебар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×