Жбогар: Вие го исполнивте вашиот дел, за жал ние не
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар. 
samuel-zbogar-tanjug-oksana-toskicВо интервју за МИА Жбогар изјави дека го разбираат разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваат посветени на Северна Македонија и на регионот. Тој признава и дека треба да се извршат реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ. Според Жбогар, проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето.
На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања.
„Треба да се воздржиме од ветувања, бидејќи ветивме во јуни лани и во јуни 2019 и сега во октомври и сега е најдобро да се воздржиме од давање ветувања за датуми, но затоа треба да се фокусираме на правењето на вистинските промени”, порача Жбогар.
Во однос на тоа дали ќе се засили руското политичко и кинеското економско влијание во регионот по француското „не” за Македонија, Жбогар изјави дека во ЕУ немаат ништо против земјите да имаат добри односи со други земји.
„Не сме против земјите да имаат добри односи со Руската Федерација, како и економски односи со Кина. Самите земји треба да проценат какви придобивки добиваат со тоа. Убедени сме, а и добивме потврда синоќа од лидерите на сите политички партии, дека тие ја гледаат иднината на земјата во ЕУ и дека ќе сторат се за да го забрзаат процесот”, додава Жбогар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×