Жена ќе го замени Илон Маск, на чело на „Тесла“ застанува Робин Денхолм
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

robyn_denholmПроизводителот на електрични автомобили „Тесла“ денеска објави дека Робин Денхолм, главната финансиска директорка на австралискиот телекомуникациски оператор „Тестра Корп“, ќе го замени Илон Маск на местото претседател на бордот на компанијата.

Денхолм ќе ја напушти функцијата финансиски директор и шеф на стратегијата на „Тестра“ по истекот на шестмесечниот отказен рок кој ѝ го дала таа компанија, се наведува во соопштението на „Тесла“, а пренесе агенцијата „Ројтерс“

Производителот на електрични возила додаде дека Денхолм како шеф на „Тесла“ ќе има договор со полно работно време.

Таа, според соопштението, привремено ќе се повлече од функцијата претседател во ревизиската комисија на „Тесла“, додека не ја напушти австралиската фирма.

„Тесла“ се соочуваше со сериозни проблеми во изминатите неколку месеци, поради контроверзните твитови на Маск дека обезбедил финансирање за приватизација и повлекување на компанијата од берзата, што подоцна беше одречено.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×