„Женева 2015“: Враќање на златната ера на автомобилизмот
Објавено на од во Автомобилизам
Вчера во Женева беше отворено јубилејното 85-то издание на едно од најреномираните саеми за автомобили во светот,  „Женева 2015“.

FERRARI-488-GTB_782504S0

Повеќе од 700 000 вљубеници во октаните се очекува да го посетат Меѓународниот саем за автомобили, каде своите новитети ќе ги претстават дури 207 излагачи.

RENAULT-KADJAR_782532S0

За разлика од последните изданија кога во фокусот беа хибридните модели, изложбата во Швајцарија ја враќа златната ера во автомобилската индустрија. „Убавиците“ на четири тркала со спектакуларни футуристички концепти и луксузни новитети, се само дел од колажот претставен во Женева.

SKODA-SUPERB_782520S0

Од „секојдневните“ автомобили во главната улога се Skoda Superb, Opel Karl, Reno Kadjar, Hundai Tucsonu, додека листата на супермодели ја предводат Кoenigsegg Regera , Ferrari 488 GTB, како и McLaren P1 GT-R.

KENR_782589S0

Сепак со својот динамичен излгед и перфоманси, на автосаемот во Женева најголемото внимание го привлекоа VW Sport Coupe Concept GTE, Seat 20V20 Concept, Mercedes-AMG GT3, односно Aston Martin DBX Concept.

VW-SPORT-COUPE-CON_782505S0

Меѓународниот саем во Женева кој ќе трае до 15-ти овој месец се простира на 82 000 метри квадратни, а влезниците чинат 16 швајцарски франци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×