Жестоки први демонстрации во Атина против Владата на Сириза
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Неколку десетици крајно левичарски демонстранти вчера во центарот на Атина жестоко се судриле со полицијата, на првиот протест против Владата на левичарската Сириза на премиерот Алексис Ципрас, која пред еден месец дојде на власт во Грција. Демонстрантите палеле автомобили, фрлале чадни бомби, кршеле излози … незадоволни од договорот што Владата го склучи со партнерите од Европската унија за продолжување на програмата за помош на земјата.

Педесетмината што се судриле со полицијата се издвоиле од поголема група од околу 450 демонстранти. Вчера, грчкиот премиер Ципрас, дури по маратонски состанок (траел над 11 часа) со пратениците од својата партија успеа да добие поддршка за спогодбата со Еврогрупата. Меѓу пратениците кои инсистирале да не се прават компримиси со предизборните ветувања на Сириза, најгласен бил пратеникот на партијата во Европскиот парламент, Манолис Глезос, кој уште претходно ѝ се извини на грчката јавност зашто „поддржувал илузија“. Предизборните ветувања на Ципрас беа отпис на барем дел од грчкиот долг, и, секако, крај на болните мерки за штедење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×