Живко Мукаетов, Алкалоид: Продолжуваме по оптимистичкиот курс
Објавено на од во Прогнози 2015

Се соочуваме со низа неизвесности, како континуираниот притисок за намалување на цените на производите на одредени пазари, отежната наплата, а особено сме погодени од неизвесноста после украинската криза и падот на курсот на руската рубља, вели претседателот на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов во својата прогноза за економијата во 2015 година.

„Бизнис климата во нашава земја не може да се гледа одвоено од севкупните настани во светот, а пред сè во регионот. Оваа година беше исклучително тешка на економски план, година во која ние како компанија со сите вложени напори, објективни и субјективни предизвици успеавме да генерираме позитивни финансиски резултати. Соочени сме со низа неизвесности, како континуираниот притисок за намалување на цените на производите на одредени пазари, отежната наплата, а особено сме погодени од неизвесноста после украинската криза и падот на курсот на руската рубља.

Сите овие предизвици би можеле да имаат негативно влијание на пласманите и деловните одлуки, одолжување на планираната реализација на дел од зделките и слично. Но, сепак, ние ќе продолжиме да го движиме Алкалоид по неговиот оптимистички курс, фокусирани на зацртаните позитивни економски резултати, општествено – одговорни активности и новите инвестиции како, нов Центар за квалитет, Логистички центар и нова производна опрема со кои ќе одржиме чекор со динамиката на трендовите во фармацевтската индустрија.

Во изминативе 9 години (2005-2014), вкупниот обрт на Алкалоид порасна од 53 милиони на околу 120 милиони евра, продажбите растеа во континуитет од година за година, при што успеавме да го одржиме балансот помеѓу нашата цел, потребите на потрошувачите, заедницата и имателите на удели а планираме на тој курс да останеме и во претстојнава 2015 година, секако со добро здравје, пред сè”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×