Живко Мукаетов: Не очекува динамична година, исполнета со многу предизвици
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2018

Zivko-Mukaetov-1Живко Мукаетов
претседател на Управниот одбор на Алкалоид

На крајот на тековната 2017 година, врз основа на реалните предвидувања за наредните години, може да дадеме проценка дека компанијата ја очекува повторно динамична деловна година. Новата 2018 година ќе ја одбележат континуираните инвестирања кои ги планираме во делот на истражување и развој, контрола на квалитет, обнова и зголемување на производствените капацитети итн. Сето тоа е неопходно, заедно со континуираното вложување во човечките потенцијали, за обезбедување на планираниот раст на консолидираните продажби на компанијата во 2018 година од околу 7%.

Најголемиот дел од растот на продажбите очекуваме да ги постигнеме на извозните пазари, и тоа како на нашите традиционални пазари, така и од постепената пенетрација и пораст на нови пазари, и тоа главно од Западна и Средна Европа. Напорно работиме и за обезбедување и одржување на сите потребни сертификати и стандарди неопходни за присутност на било кој фармацевтски пазар.

Оттаму, проценките се дека не очекува повторно динамична, исполнета со предизвици, но и успешна деловна година.

Позитивно е што домашниот амбиент во кој што доминираше сложената политичка ситуација полека се менува.  Глобално гледано, со оглед дека нашите производи се присутни на повеќе од 30 пазари во светот, секој пазар има свои специфични предизвици со кои континуирано се соочуваме. Генерално, како компанија сме посветени кон обезбедување на најдобро ниво на квалитет на нашите производи при тоа обезбедувајќи соодветно ниво на конкурентност, особено имајќи го предвид притисокот врз цените на лековите. Воедно, како на домашниот, така и на одредени извозни пазари, предизвик останува навремената наплата на побарувањата со цел одржување на стабилни парични финансиски текови.
Развојот на нови квалитетни и конкурентни производи, оптимизација на внатрешните процеси и подигнување на нивото на конкурентност, пенетрација на нови пазари, обезбедување на стандардите во работењето, обезбедување на наплатата на побарувањата се нашите континуирани предизвици.

Веројатно нема да биде ништо ново ако се каже дека потенцијалите на македонската економија се во пронаоѓањето на поголеми извозни можности за пласман на производи и на услуги. Потребно е да се вложат големи индивидуални, но и колективни напори кон остварување на таквите цели. Таквите процеси во принцип се доста сложени и долготрајни. Сепак, основата која веќе постои во економијата треба понатаму да се надградува. На пример, најавените мерки на Владата се добра почетна основа за обезбедување на иницијални услови за стимулирање на извозот на компаниите. Сигурно дека и поголеми капитални инвестиции во неопходните инфраструктурни проекти ќе придонесат за подобрување на условите за водење бизнис. Покрај условите за работа потребни се и луѓето. Мора да се посвети големо внимание кон изнаоѓање на начини за подобро ниво на едукација на млади кадри и обезбедување на добри можности за работа во македонските компании. За очекување е дека македонската економија може да обезбеди раст и над 3% во 2018 година. Со добри мерки, посветеност, упорност и професионалност на пошироката заедница, потребно е да создадеме можности и за поголеми стапки на раст во иднина.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×