Животното осигурување расте со двоцифрени стапки
Објавено на од во Економија

За 5 години животното осигурување се зголемило за три пати. Пазарот сe’ уште има голем потенцијал. 

 

Во првите три квартали од 2015-та, животното осигурување растело со стапка од 21,7%, и за цела 2015-та процените се дека вкупната премија ќе изнесува околу 17 милиони евра. Двоцифрени стапки на раст се карактеристични и за претходните години – во 2014 година, вкупната премија  била 14,44 милиони евра, што е за 22% повеќе во однос на 2013 година, кога пак изнесувала за 22% повеќе  во однос на претходната година.

Zivotno osiguruvanje slika

Благодарение на поагресивниот маркетиншки пристап на компаниите за животно осигурување, како и на активноста на брокерските друштва за осигурување, свеста за потребата од животно осигурување кај македонските граѓани расте од година во година, што го потврдуваат и извештаите на регулаторот на осигурителниот пазар, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Животното осигурување расте и во релативниот однос спрема вкупниот осигурителен пазар, па ако пред 7-8 години учествуваше со едвај 2-3% во вкупното осигурување во Македонија, во 2012 година е 8,5%, во 2013-та 10,2%, лани било 11,6%, а за 2015 се очекува да биде околу 12,5%.

Постојаниот раст на премијата за животно осигурување изминативе години значи дека македонските граѓани пополека ја сфатија корисноста од полисата за животно осигурување. Сe’ повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици, велат од компаниите за животно осигурување. Пазарот за животно осигурување бележи двоцифрени стапки на раст од 2007 година па наваму. Потенцијалот кој го има ова пазарно подрачје го препознаа реномирани европски осигурители што доведе до зголемена конкуренција, зголемена понуда на пазарот, а тоа секако води кон забрзан развој на овој сегмент од пазарот.

Ќе продолжи двоцифрениот раст на премијата

Доминантни компании на пазарот за животно осигурување се Кроациа Осигурување – Живот со околу 43% од вкупното осигурително портфолио, Граве со 42%, и помалите играчи Винер (9-10%) и Уника (5-6%).

Rast na zivotno osiguruvanje

Раст на животното осигурување во Македонија: 2010-2015 (во милиони евра) *Проценка врз основа на први три квартали Извор: Агенција за супервизија на осигурувањето

“Со бруто полисирана премија од 7,85 милиони евра и годишен раст на приходите од осигурување од 26%, ја завршивме 2015 успешно, додека целиот осигурителен пазар стигна до 17 милиони евра премија. Очекувам дека динамиката на двоцифрен раст ќе продолжи и оваа година, за што ќе придонесе и активното вклучување на банките како алтернативен канал за дистрибуција на овие продукти заедно со банкарските“, вели Вилма Учета – Дузлевска, директор на Кроациа Осигурување – Живот.

 

Таа додава дека, покрај зголемениот  интерес  на индивидуалните корисници,  значаен удел во растот на животното осигурување имаат и  компаниите во земјава, што сe’ почесто уплаќаат полиса за своите менаџери и вработени.

“На овој начин компаниите ја зголемуваат посветеноста на вработените, нивната мотивираност и спречуваат одлив на клучни кадри и нивно заминување во конкурентски бизниси“, вели Учета – Дузлевска.

Grafik zivotno osiguruvanje

Учество на животното осигурување во вкупното осигурување во Македонија: 2010-2015 *Проценка врз основа на први три квартали Извор: Агенција за супервизија на осигурувањето

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×