Жозев Дол: Лично ќе се ангажирам за решение на спорот за името!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европската народна партија(ЕНП), Жозев Дол лично ќе се ангажира за разрешување на спорот за името на Република Македонија меѓу властите во Скопје и Атина. Дол лично му ветил на македонскиот премиер, дека на почетокот на следната година ќе се ангажира лично за наоѓање на решение на спорот, соопштува бугарската информативна агенција БГНЕС.

„Јас сум на чисто, дека Македонија не може да постигне напредок во евроинтеграциите поради нерешениот спор со името и блокадата во Европскиот совет. Во моментот очекуваме да видиме што ќе се случи во Грција- дали ќе има предвремени парламентарни избори. Му ветив на Груевски, дека на пролет лично ќе се ангажирам за ова прашање за еднаш засекогаш да се реши тој проблем. Постојано се преговара, но тие преговори треба да дојдат до решение. Како претседател на ЕНП ќе се ангажирам да се најдам вистинско решение на тој спор“, вели Дол.

Жозеф Дол е француски политичар и член на Европскиот парламент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×