Ѕидот на американската граница со Мексико ќе чини речиси 22 милијарди долари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ѕидот по границата меѓу САД и Мексико ќе претставува серија од огради и ѕидови, што ќе чини 21,6 милијарди долари. За изградбата ќе бидат потребни три и пол години.

Ова се посочува во интерен допис на министерството за внатрешна безбедност на САД, до кој Ројтерс добил пристап.

Цената од речиси 20 милијарди долари е многу над сумата за која говореше претседателот на САД, Доналд Трамп, во кампањата (12 милијарди долари), и од проценката на претседателот на Претставничкиот дом на САД, Пол Рајан и на лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Мекконол (15 милијарди).

Дописот се очекува да се најде на бирото на министерот за внатрешна безбедност, Џон Кели, наредниве денови.

Според планот што администрацијата на САД е должна да го следи, запечатувањето на границата ќе се случи во три етапи и на крајот на 2020 година ќе опфати 2.000 километри. Во ситуација кога 1.046 километри се веќе преградени, со новиот дел на ѕидот ќе се покрие речиси целата должина на американско-мексиканската граница.

Трамп ја потпиша наредбата за изградба на ѕидот на 25 јануари, и изјави дека извршувањето ќе почне без одложување.

One thought on “Ѕидот на американската граница со Мексико ќе чини речиси 22 милијарди долари

  1. А да пишевте дека годишно САД од буџетот троши на 100 милијарди (во разни форми) за илегалните имигранти? Или и понатака останувате да сте комунисти во вашата идеологија, и ширите манипулативни информации меѓу луѓето во МК, во подршка на социјализмот? Ве молам сменете го името, вие не сте Капитал, вие сте Социјалист или Пролетер, барем луѓето да знаат што читаат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×