Златен медал за квалитет за водата „Јана“
Објавено на од во Компании
„Јана“, природна минерална негазирана вода, освои златен медал за квалитет на интернационалниот натпревар  „Монде Селекш“. 
janaСтанува збор за престижен натпревар за квалитет на меѓународно ниво, со традиција која датира од 1961 година. „Јана“ е прва минерална вода од Хрватска што ја освои оваа награда.
Овој златен медал е уште една светска потврда за квалитет на „Јана“, и тоа во конкуренција од дури 516 производи во категоријата „Пиво, вода и негзирани пијалоци“, соопштија од компанијата.
Во натпреварот кој има седум категории, тестирани беа 2.948 производи од 90 земји. Производите ги оценуваа 70 експерти – готвачи со мишелин ѕвезди, енолози, професори и нутриционисти. За висок квалитет на нивните производи беа наградени 973 компании, меѓу кои и „Јамница Плус“ ДОО за водата „Јана“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×