Златен медал за виното „Аминта“ на „Стоби“
Објавено на од во Компании

Освен со златото за „Аминта“, „Стоби“ од регионалниот натпревар во Софија се врати и со три бронзени медали – за „Аура“, „Веритас“ и „Р’кацители“

Црвеното вино „Аминта“ од бербата од 2013 година на македонската винарија „Стоби“ освои златен медал на престижниот регионален натпревар BIWC (The Balkans International Wine Competition) кој се одржа од 26 до 29 мај во Софија, Бугарија. Станува збор за четврто издание на манифестацијата на која се претставуваат и се оценуваат најквалитетните вина од целиот Балкан, а на едно место во тек на четири дена се собираат реномирани енолози, вински критичари и познавачи.

Виното е дел од новата специјална серија „приватна резерва“ која „Стоби“ ја претстави на крајот на минатата година. Енолозите на винаријата уште тогаш најавија дека „Аминта“ заедно со „Акација“, „Аура“, „Аксиос“,„Вердо“ и „Веритас“ ќе им бидат нови адути на претстојните натпреварувања и вински саеми. Златото со кое се вратија од Софија е доказ дека се на вистинската патека, а во периодот што следува ќе се појават и на голем број други манифестации од сличен калибар. Инаку освен со златото за „Аминта“, „Стоби“ од Софија се врати и со три бронзени медали – за „Аура“, „Веритас“ и за „Р’кацители“.

Винаријата годишно произведува вкупно 4,5 милиони литри вино, од кои најголемиот дел, односно 75 отсто се пласира на 20 странски пазари. Овој факт ја прави втор најголем извозник на вино во шише од Македонија. Токму поради продажните бројки кои бележат нагорен тренд како и одличните оценки на винските настани, во план е проширување на производните капацитети на винаријата во следниот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×