Златко Муцунски, Порше Македонија: Ќе биде вистински предизвик да се преброди 2015
Објавено на од во Прогнози 2015

ЗЛАТКО МУЦУНСКИ, директор на Порше Македонија за Капитал вели дека 2015 година ќе биде тешка година со многу проблеми, но ако се најде начин  проблемите да се гледаат како предизвици, тогаш 2015 може да биде постабилна година.

 

Кои се Вашите очекувања? Каква година ќе биде 2015 на економски план?

Ја знаете познатата изрека на Ганди “биди промената што сакаш да ја видиш во светот”. Ние се водиме токму по таа изрека. Не очекуваме ништо да се случи само по себе. Ние сакаме годината да ни биде подобра од минатата и затоа се трудиме ние да бидеме подобри и со тоа да постигнеме подобри резултати. Нашиот тим е целосно посветен на нашата цел- постигнување целосно задоволство на клиентите, и очекуваме сиот наш труд да ни донесе поголем број на клиенти догодина. Што се однесува до економската ситуација околу нас,како вечни оптимисти се надеваме дека ќе има подобрувања на тоа поле. Секако ќе биде тешка година после спиралниот пад надолу кој владееше изминативе неколку години, и ќе биде вистински предизвик да се преброди, проблемите кои ја турнаа економијата во бездна се уште се присутни, но сепак сметам дека ако сите најдеме начин тие проблеми да ги гледаме како предизвици за кои треба да се најде начин да се пребродат, тогаш не очекува подобра и постабилна година

Какви се плановите на Порше Македонијаза 2015 година?

На крајот на секоја година имаме практика да правиме саморефлексија и да ги детектираме слабите точки во минатата година. За следната година планираме тие слаби точки да ги отстраниме и така засилени уште повеќе да им се посветиме на клиентите. Ги слушаме нивните желби и фидбек и правиме промени и во доменот на продажбата и во доменот на сервисната поддршка се со цел да им бидеме уште подостапни на клиентите. Нашите продажни советници секогаш се тука за да се пронајде вистинскиот автомобил, нашиот сервис е секогаш подготвен за вашите возила. Што се однесува до брендовите кои ги застапуваме, секако дека покрај освежувањето на старите модели, ќе донесеме и нови модели, кои засега не би ги откривал, но секако, нашите верни клиенти ќе бидат мошне задоволни.

Кои се најголемите предизвици според вас со кои што ќе се соочат компаниите следната година? Што сметате дека треба да се подобри во бизнис климата за да може фирмите подобро да работат?

Предизвик и годинава како и секоја година до сега е да се биде чекор пред клиентите а два чекора пред конкуренцијата. Детектирање на потребите на клиентите како и изнаоѓање на креативни решенија и соодветни инструменти за да производите им се доближат и направат физички но и финансиски достапни. Во врска со бизнис климата, сметам дека е потребно намалување на бирократските процедури, олеснување на процедурите за странските инвеститори, воедно сметам дека фирмите би работеле подобро доколку навреме би ги добивале финансиските средства за извршената работа, да се намали долгот и од нивните соработници, но и од државата. Секако со новиот закон за финансиска дисциплина сето ова е регулирано и бенефитот треба да се види веќе во 2015.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×