Златко Муцунски, Порше Македонија: Најважна цел е да останеме број еден на автомобилскиот пазар
Објавено на од во Uncategorized


Јас имам една единствена цел која ја делам со мојот тим – да ја одржам оваа компанија на врвот на автомобилскиот пазар во Македонија. На наша страна се нашите квалитетни возила, нашите посветени вработени, нашите задоволни клиенти и токму затоа нескромно ќе речам дека нашите очекувања за периодот што следи се мошне оптимистички.”, вели во интерјуто за Капитал д-р Златко Муцунски, генерален менаџер на Порше Македонија

Mucunski 1

Порше Македонија, застапникот на брендовите VW, Seat, Audi, škoda и Porsche  прослави 10 години од почнувањето со работа на македонскиот пазар. За тоа што значи да се биде одговорен за продажбата на пет врвни брендови и да се држи преку 40% од домашниот пазар на нови автомобили, разговаравме со генералниот менаџер д-р Златко Муцунски, кој што е на чело на компанијата од самиот почеток.

Г-не Муцунски, како ќе заврши годинава за Порше Македонија во споредба со минатата, во смисла на приходи, добивка, пазарен удел?

Како вечни перфекционисти ние секогаш велиме дека можело и подобро, дека бројките можеле да бидат и повисоки. Но, со оглед на економската ситуација во нашата земја и можноста на граѓаните да инвестираат во трајни добра, ќе кажам дека бројките задоволуваат. Бројот на продадени возила и нови клиенти расте, нашиот пазарен удел исто така, што покажува дека нам ни припаѓа довербата на купувачите, дека и во ова неизвесно време на невреме кога клиентите купуваат, купуваат од кај нас. Тоа нам ни е најголема награда, мотив и порив, побитен од сите бројки во книгите…

Како ја оценувате состојбата на македонскиот пазар на нови автомобили во моментов, мрднаа ли работите од мртва точка? Какви се вашите очекувања за следната година?

Состојбата е сe’уште сива и неизвесна. Не би сакал да зборувам за останатите автомобилски куќи. Конкретно ние не се потпираме на никакви статистики и експертски предвидувања. Ние и во услови на сонце и во услови на бури сме постојано целосно посветени на постигнување врвно задоволство на клиентите, исполнување на нивните барања и потреби. Фактот што растат бројките на нови клиенти ни покажува дека правиме добра работа, дека клиентите го препознаваат квалитетот, ги препознаваат нашите заложби да ги испочитуваме и ни возвраќаат со тоа што се наши амбасадори, препорачувајќи не на нивни роднини и пријатели придонесуваат за зголемување на нашето семејство. На наша страна се нашите квалитетни возила, нашите посветени вработени, нашите задоволни клиенти и токму затоа нескромно ќе речам дека нашите очекувања за идната година се мошне оптимистички.

.
Како се справувате со предизвикот на мотивацијата на вашите вработени? Кои се начините и методите со кои што ги мотивирате, односно како ги привлекувате и задржувате талентираните луѓе кај вас?

Никогаш не сме практикувале исклучиво  финансиски да ги мотивираме нашите вработени, затоа и нивната мотивација за работа, во услови на криза, кога моравме да преземеме мерки за штедење не опадна ниту за миг. Она на што ние се фокусираме е инвестирање во нивните знаења со постојани тренинзи, курсеви семинари, во компанијата, локално, а и надвор од нашата земја. Нашите вработени знаат дека се ценети, знаат дека се инвестира во нив и тоа им е значаен и мошне силен мотив за работа. Понатаму, самиот факт дека работат за еден реномиран бренд кој e синоним за  перфекција и квалитет, кај нив дава чувство на припадност, на желба за идентификување  со брендот, на порив за придонесување за тој бренд… Мотивација никогаш не ни недостасувала.

Mucunski 2
А, како се мотивирате себеси? Кои се трите најбитни работи што си ги поставувате како цел, во улога на менаџер, односно бизнис лидер на својот тим?

Јас имам една единствена цел која ја делам со мојот тим – да ја одржам оваа компанија на врвот на автомобилскиот пазар во Македонија. За да ја постигнам таа цел си поставувам милион и една задача. Прво, мошне ми е важно секаде каде што се наоѓам јас, да бидам совршен претставник на мојата компанија;  потоа да имам одличен тим на вработени кои водени од единствената цел, да функционираат како еден кога се работи за постигнување на врвно задоволство на клиентите; да ги одберам вистинските луѓе кои ќе бидат дел од тој тим;  да ја одржам работната атмосфера постојано пријатна и удобна;  да бидам рамо до рамо со моите вработени во секој процес од работата;  да осигурам постојан фидбек и жива комуникација;  добро да организирам, добро да ги испланирам активностите за во иднина, да внимавам на нивно исполнување и кога ќе бидам сведок на добро завршена работа да честитам и заблагодарам на секој еден вработен за нивната посветеност. Мој мотив се нивните задоволни лица, бидејќи во ова сивило да имаш стотина задоволни вработени воопшто не е мала работа.

.
Дали вие лесно делегирате одговорност? Колку е тоа важно за успешен развој на компанијата?

Делегирањето  на должности е мошне важна за развојот на компанијата. Истата е и мошне важен предизвик за еден менаџер и мошне неопходен бидејќи делегирајќи ги соодветните задачи на соодветните лица, сте сигурен дека задачите ќе бидат завршени точно и како што се бара, и сите имаат бенефит од истата, од една страна вие како менаџер имате повеќе време за другите предизвици во работата, а од друга страна вашите вработени ја ценат довербата дадена при делегирање на должностите, се чувствуваат посамоуверени и возвраќаат со поголема лојалност и посветеност на работата.

.
Во колкав обем работењето на вашата компанија се потпира на современите технолошки решенија, како cloud computing, бизнис апликациите и сл.? Во колкава мера ги користите социјалните мрежи како маркетиншки алатки?

Живееме во време на постојан технолошки напредок и секако дека современите технолошки решенија се неизоставен дел од нашата работа. Што се однесува до користењето на социјалните мрежи како маркетиншки алатки, мислам дека бројката од 100 000 фанови на Facebook страната е добар одговор на вашето прашање.

Дали глобалниот скандал на ниво на VW групацијата имаше некакво влијание врз продажбата на Порше Македонија? Какви насоки добивте од претпоставените во смисла на менаџирање со ситуацијата и  одржување на репутацијата на брендот ви тие моменти?

Настанот во VW групацијата немаше влијание и не може да има бидејќи нашите возила го задоволуваат законскиот стандард на Република Македонија. Возилата се квалитетни, безбедни за возење, ги почитуваат законските рамки и со тоа репутацијата на брендот воопшто не беше загрозена. Нашите возила продолжуваат да бидат најпродавани на пазарот и Порше Македонија останува лидер во автомобилската индустрија во Македонија.

Идеален соработник е еден микс од спротивности

Колкав предизвик е за вас ангажирањето на квалитетни вработени? Кои особини треба да ги посетуваат вашите “идеални“ соработници?

Секако дека е голем предизвик. За мене мошне е важно каква личност е вработениот. Се случува лица со оскудна работна биографија да донесат одлична енергија на интервјуто за работа и потоа да се покажат како врвни вработени. Тешко е да се набројат особините кои ги има идеалниот соработник, бидејќи тој всушност треба да биде еден микс од спротивности кои ќе излегуваат на виделина во соодветните ситуации – тој треба да биде и самостоен во работата, но и да е добар во тимската работа, да знае што треба да сработи, но и да не се плаши да постави прашања, да биде скромен но и самоуверен, да препознае кога треба да молчи, а кога треба да биде чуен… Би рекол дека  квалитетен соработник е оној кој има позитивен, проактивен став кон работата, бидејќи само оној кој со љубов и страст ја работи својата работа,  несебично ќе се посвети себе си максимално и ќе даде одлични резултати од кои придобивка  ќе имаат клиентите, тој самиот и на крај и компанијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×