Цената на златото падна на најниска вредност во последните пет години, додека американскиот долар расте заради очекувањата дека Федералните резерви на САД (ФЕД) би можел наскоро да ги зголеми каматните стапки. Заради силната распродажба на азиските пазари цената на златото падна за 4%, достигнувајќи вредност од 1.088,05 долари за унца.
Добрите економски податоци од САД ги поттикнуваат очекувањата дека американската централна банка оваа година би можела да ги подигне каматните стапки. Доларот на азиските пазари порасна на 124,15 јени, што е највисоко ниво во последните три недели.
На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.