Знае ли некој што е индустрија денес?
Објавено на од во Економија
Нема повеќе граници помеѓу индустриите. Што е производство, а што се услуги? Што е технолошка, а што традиционална компанија? Во време кога Google развива автомобили, а Apple лансираше фенси часовник, кој може да каже каде е крајот… Повеќе за ова во новиот број на Капитал од 07.08.2015
Uber osnovac

Тревис Каланик, ко-основач на Uber

 

Uber. Помалку или повеќе сите знаат за овој стартап од Сан Франциско, кој што постои едвај пет години на пазарот и веќе направи револуција во начинот на кој што луѓето користат такси превоз. Аналитичарите ја сместија оваа компанија во секторот транспорт, а таа не поседува ниту едно свое возило. Она што направија основачите Тревис Каланик и Герет Кемп е апликација за мобилни уреди која им овозможува на корисниците на смартфони, таблети и сл., да побараат превоз од едно место до друго, а тоа барање се пренасочува кон возачите во мрежата на Uber, кои што понудуваат најдобра цена за услугата, а возилата си се нивни. До мај годинава, услугата е веќе достапна во 58 земји и 300 градови, а Uber планира приход од 10 милијарди долари годинава. Самата компанија, која што уште не е излезена на берза, аналитичарите ја проценуваат на повеќе од 40 милијарди долари. Тоа е повеќе од 406 компании што влегуваат во берзанскиот индекс S&P 500 на Wall Street. Uber предизвикува контроверзи каде и да се појави, борејќи се против регулативите за текси превоз во секоја земја и, секако, против самата такси фела, која што во него гледа ништо друго освен конкуренција што им го зема лебот.

Airbnb osnovaci

Брајан Чески, Џо Гебиа и Натан Блечаржук, основачите на Airbnb

А, Airbnb? Уште еден стартап чија приказна тргнува, исто така од Сан Франциско. (Во близина е Силиконската долина, не е ништо случајно тука). Вебсајтот преку кого може да си изнајмите станче за евтини пари во речиси сите земји од светот и преку 34.000 градови. Многумина и од Македонија веќе го користат овој вебсајт кога патуваат надвор, наместо да плаќаат скапи хотелски соби. Па, ако Uber го нарекуваат “убиец на такси бизнисот“, тогаш Airbnb e “терминатор“ на хотелите, особено оние мали хотелчиња кои што нудат поевтино сместување од големите светски хотелски синџири, но сепак не можат да се носат со цените на изнајмување на апартманче, кои можат да бидат и само по 10-20 евра за ноќ  во некои светски метрополи. Е, сега овој Airbnb е проценет на 25 милијарди долари, а неодамна прибра 1,5 милијарда долари од приватни инвестициски фондови специјализирани за вложување т.н. ризичен капитал.

Како е можно стартап за само 5 години да достигне вредност од 50 милијарди долари? Повеќе од вредноста на индустриски гиганти како еден Caterpillar, на пример, или Fedex, компании на кои што им требале децении да го достигнат нивото на кое што се денес.

Од друга страна пак, светските аналитичари си го поставуваат прашањето што е технолошки сектор денес? Станува се’ потешко и потешко да се сместат компаниите во индустриски сектори, како технологија или трговија, затоа што расте потребата тие да пополнат повеќе места истовремено.

Прочитајте во новиот број на Капитал (07.08.2015) повеќе за тоа што се случува со светската економија во време кога се бришат границите помеѓу индустриските сектори онакви какви што ги знаеме…

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×