ЗНМ: Дел од мерките во планот на Владата се проблематични
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ЗНМ смета дека во Предлог акцискиот план на Владата за справување со дезинформации и лажни вести има точки и недоречености кои оставаат простор за загриженост, како и дека дефинирање на професионални стандарди и оценката за тоа дали некој новинар или медиум е етичен, може да ги прави исклучиво новинарскиот еснаф и јавноста, а не владина институција или каква било работна група во рамки на Владата.
знм„ЗНМ со внимателност ги следи чекорите на Владата на РСМ за однос на промовирањето на Предлог планот против ширење на дезинформации и првичната оценка содржи точки поради кои изразуваме загриженост. Во насока на исклучување на сомнежи за злоупотреба на обврската на Владата да ја гарантира слободата на изразување, од исклучителна важност е процесот на консултации за овие теми да биде максимално инклузивен и транспарентен од самиот почеток“, се вели во соопштението од ЗНМ..
Околу содржината на Предлог планот, од ЗНМ го охрабруваат потегот на Владата да направи напор за одбранбен механизам внатре во институциите, преку креирање на протоколи и обуки за државните службеници. Сметаме, посочуваат од Здрижението на новинарите, дека е битно извршната власт да биде транспарентна и точна во начинот на пренесување на информациите кон јавноста, како превентивен механизам за погрешно толкување од страна на медиумите.
„Од друга страна, со загриженост ги проследивме дел од проактивните мерки и тоа особено оние кои имплицираат на платени кампањи во приватните медиуми, најавата за ко – регулација, воведување на критериуми за акредитирање на медиуми кои ќе имаат право да ги следат владините настани во согласност со стандардите на новинарската професија, како и формирање на акциска група за борба на дезинформации со проблематичен состав и улога. Недореченоста на овие предлог мерки може да се толкува како обид за ограничување на слободата на изразување, а со тоа да се нанесе штета во и така кревкиот медиумски сектор во нашата земја“, се додава во соопштението од ЗНМ.
Битката против дезинформации е сложен процес, додаваат од ЗНМ, не само во Македонија туку и општо во светот. Европската комисија веќе има план за превенција кој е добар основ за планирање на активности и во нашата земја, но од исклучителна важност е локалниот контекст и затоа е нужно новинарите и медиумите да имаат силна улога во креирањето на овие стратегии и да бидат однапред вклучени во процесот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×