28 јули, 2026
21 mins read

ЗОРАН ВЕЛКОСКИ: Од maker до bridge builder за бизнисот, довербата и новата улога на Македонија! Од градење компании, кон градење мостови и градење значење – вредност за заедницата и за светот!

Мојот пат во светот не беше прекин со Македонија, туку продолжување на многу односи што ги градев со години. Пријателства, соработници, инженери, луѓе со кои сум поминал и добри и тешки периоди.

EXCLUSIVE: Зоран Велкоски
co-founder и CTO на gMendel® – Копенхаген, Данска

за Капитал business magazine

На мојот долг пат секогаш имало луѓе и од Македонија, директно, или индиректно, кои биле дел од приказната. Не сакам Македонија да биде само географија или место од кое сум тргнал. За мене Македонија остана дел од тоа што го градам и ќе го градам.

Истото важи и за најблиските луѓе околу мене. Моето семејство во Данска ми даде секојдневна стабилност, grounding и чувство дека и најголемите амбиции мора да останат човечки. А моето семејство во Македонија ми остана морален корен, меморија, совет и внатрешна мерка за тоа кој сум.

Кога градиш компании, често се зборува за стратегија, капитал и пазари. Но … личната издржливост многу често доаѓа од нешто потивко: од луѓето што те држат приземјен, што ти кажуваат вистина кога треба, и што те потсетуваат дека вредноста не е само во резултатот.

Затоа ова не го гледам како носталгија или голема фраза. Го гледам како жива, практична и човечка врска: преку доверба, семејство, фамилија, пријателства и долгорочни соработки. Тоа е можеби најемотивниот слој на целата приказна. Но, е и најреалниот.

Што не би сакал погрешно да се разбере во оваа приказна?

Успесите се важни само ако покажуваат pattern. Ако кажеме компании, exit-и, инвестиции, тоа не треба да биде поентата. Тоа треба да биде доказ за нешто поголемо. Не би сакал ни Македонија да се прикаже како low-cost outsourcing destination. Тоа е токму спротивно од пораката. Пораката е дека Македонија и регионот можат да бидат дел од co-creation, innovation core и ownership of value.

Кој е вашиот совет за следната генерација претприемачи од Македонија?

Прво, да мислат глобално многу порано отколку што ние можевме да мислиме. Денес светот е поотворен, но и покомпетитивен. Не е доволно да си добар локално. Треба да разбереш стандарди, пазари, доверба, партнерства и како се создава вредност на меѓународно ниво.

Второ, да не ја потценуваат Македонија, но ни да не ја романтизираат. Талент има, енергија има, глад има. Но мора да се гради структура, дисциплина и долгорочност. Тоа го научив во Данска и мислам дека е многу важно.

Ние во Македонија треба се посветиме на градење компании, потоа градење мостови, а се тоа да води кон градење значење.

Трето, да градат односи, не само компании. На крајот, довербата е најскапиот капитал. Луѓето со кои си поминал низ тешки ситуации, партнерите што останале фер, пријателствата што преживеале време – тоа се работи што не се гледаат во pitch deck, но ја носат вистинската вредност.

Кога си млад, често мислиш дека успехот е да направиш фирма, производ, клиент, revenue, exit. И тоа е важно. Тоа те учи на дисциплина, ризик и одговорност. Но, со време почнуваш да разбираш дека тие работи се само еден дел од патот.

Подлабокото прашање е: што останува зад тебе? Остануваат луѓето што си ги поврзал. Останува довербата што си ја изградил. Остануваат младите луѓе на кои си им отворил врата. Остануваат партнерствата што преживеале и добри и тешки периоди. Останува чувството дека не си градел само за себе.

Ако Македонија треба да остане во таа приказна, јас не сакам да биде само место од кое доаѓа талентот. Сакам да биде дел од тоа што се создава во целиот свет, дел од знаењето, дел од вредноста, дел од иднината. Можеби тоа е најточниот опис на мојот пат: да градам компании, но преку нив да градам мостови … и преку тие мостови, да се обидам да изградам нешто што има големо значење за широката заедница.

Зоран Велковски го познавам подолго време во животот. Тука од Скопје. Од низ град како што велиме овде. Го познавам токму така како што е опишан во ова интервју, и како што веројатно и вие ќе го доживеете читајќи ги овие редови. Двајцата припаѓаме на генерациите кои не се помируваат со она што денес имаме на располагање овде во Македонија. Знаеме и сме сигурни дека можеме како Македонци многу повеќе и многу поквалитетно во светот. Имаме што да раскажеме на отворена светска деловна сцена. Но, и од интервјуто ќе забележите дека, се тоа мора да се раскаже умно, со многу интелегенција, беспрекорно точно и со бескраен напор и посветеност …

Низ годините го доживеав Зоран како човек со бистра мисла, јасна идеја, полн со адреналин, екплозивен и точен во реализиацијата. Така беше и со концепирањето на овој разговор. Кратко траеше … двајцата знаевме за што треба да разговараме.

Зоран Велковски е македонски претприемач со база во Копенхаген, Данска. Вклучен во неколку активни компании на пресекот меѓу deep tech, AI/healthcare, engineering и high-end audio. Оперативно, за него најважно е да се истакне gMendel®, каде што е co-founder и CTO. Тоа е компанија што најдиректно ја отсликува неговата сегашна работа: поврзување на технологија, здравство, AI, геномика и меѓународни партнерства.

Во Данска заминува на крајот на 1999 година. Во меѓувреме има неколку пократки периоди во Јапонија и Шведска. Потоа, практично живее и работи во Данска се до денес. Најмногу околу Копенхаген. Тоа се повеќе од 25 години во данскиот деловен и технолошки екосистем.

„Во професионална смисла, Данска беше мојата база, но не и граница на мојата работа. Низ годините работев со клиенти, партнери и тимови низ Европа и Северна Америка, а особено силно лично и професионално искуство ми остави Далечниот Исток — Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја. Таму научив многу за дисциплината, квалитетот, трпението, долгорочноста и почитта кон технологијата, занаетот и деталите“, раскажува Зоран, и продолжува ….


„Подоцна, преку gMendel®, таа меѓународна димензија се прошири и кон healthcare пазари во Латинска Америка, Блискиот Исток, Африка и други региони… каде што раната дијагностика може да има огромно човечко и системсо значење. Но, јас не го гледам тоа како список на земји, туку како суштина на мојата работа: прекугранично градење компании, технологии, партнерства и доверба меѓу различни култури, пазари и екосистеми“, вели тој.

gMendel® работи на тоа genetic screening да стане побрз, поточен, поскалабилен и подостапен. Во официјалната објава се наведува дека околу 7 милиони бебиња годишно се раѓаат со genetic disorders, а голем дел од тие состојби остануваат недијагностицирани или погрешно дијагностицирани.

Ако дијагнозата дојде порано, може да се промени целиот животен тек на едно дете и на едно семејство. Тоа е моментот кога технологијата престанува да биде апстрактна. Таа станува прашање на време, на шанса и на страдање што можело да се намали. Во таа смисла, gMendel® не треба да се гледа само како лабораториска или software технологија, туку како дел од идната healthcare infrastructure.

Здравствените системи денес сè повеќе инвестираат во AI-enabled healthcare, preventive medicine, genomics и population-scale health infrastructure. Светот се движи од реактивна медицина – каде системот реагира кога проблемот веќе станал видлив – кон превентивна, податочно информирана и попрецизна медицина. Newborn screening е една од најмоќните точки на интервенција во таков систем, затоа што временски доаѓа на самиот почеток на животот.

Во клиничките студии што се наведени во објавата, платформата покажува sensitivity up to 98% и specificity up to 100%. За пошироката јавност, тоа значи дека технологијата има сериозни показатели за точност и скалабилност. Но, за да стане ваква технологија вистински market-ready и system-ready, не е доволно само да биде добра технички. Потребно е правилно институционално позиционирање, ecosystem alignment и дијалог со вистинските healthcare, public-sector, payer, regulatory и AI-health stakeholders.

Тука е стратегиската тежина на приказната. Успехот не зависи само од тоа што е изградено, туку и од тоа како се вградува во здравствените системи. Ако тоа се направи правилно, ова не е само company growth. Тоа е можност за нова инфраструктура за рана дијагностика, за пофер пристап до генетски screening и, во најчовечка смисла, за намалување на непотребно страдање.

gMendel® е можеби најјасен пример за тоа што го нарекувам co-creation. Тоа е deep-tech / medtech компанија изградена преку грчко-македонска соработка, со founders од Македонија и Грција. Со база во Данска, со R&D присуство во Скопје, и со соработка во регионот, меѓу кои и со Институтот Демокритос во Грција.

Компанијата развива AI-powered, vertically integrated, IVD-certified платформа за точен, брз и достапен генетски screening, со силен фокус на newborn care. Кога зборуваме за newborn screening, не зборуваме за апстракција. Зборуваме за почетоците на нечиј живот, за родители што чекаат одговор, и за деца чија иднина може да изгледа сосема поинаку ако вистинската информација е достапна навреме. Ако го кажам едноставно: сакаме да помогнеме генетските нарушувања да се откриваат порано, попрецизно и поскалибилно. Да се намалат погрешните дијагнози, да се подобрат третманите и да се намалат долгорочните healthcare трошоци.

Она што мене ми е особено важно е дека регионот во оваа приказна не е периферија. Не е само support. Дел од интелектуалното и технолошкото јадро е тука во регионот.

Во gMendel® важна улога има и проф. Ѓорѓи Маџаров. Тој е одговорен за истражувањето, развојот и управувањето со моделите базирани на ВИ како CAIO на gMendel®. За мене тоа не е само титула. Тоа е доказ дека сериозна AI и научна компетенција од Македонија може да биде вградена во срцето на глобално релевантна платформа.

Често зборуваме за тоа дека имаме талент. Но, важно е да покажеме каде тој талент стои во реална вредносна структура. Во gMendel®, таквата компетенција не е на страна. Таа е дел од innovation core.

Затоа сакам луѓе како проф. Маџаров да се гледаат како дел од интелектуалната сила што може да го позиционира регионот многу повисоко.


Раскажува дека Данска за него била втора школа.

„Данците во деловниот свет се многу сериозни, структурирани и директни. Но, не на агресивен начин. Кај нив многу значат довербата, точноста, јасниот договор, одговорноста и долгорочноста. Ако нешто се договори, тоа има тежина. Ако системот е поставен правилно, луѓето не трошат енергија на постојано проверување. Трошат енергија на натамошно градење„, вели Зоран.

„Сето ова, оваа беспрекорна деловна култура и животна матра во данската средина, во голема мерка ме обликуваше како претприемач. Од Македонија ја носам енергијата, импровизацијата, гладот и способноста да се гради, и да се почне од малку. Од Данска ја научив структурата, процесот, довербата и трпението. Мислам дека најдобриот дел од мојот пат е токму спојот на тие две култури„, објаснува Зоран Велковски.

Од друга страна Велковски Македонија ја гледа со силна емоција, но и реалистично. Не ја гледа само како земја од која тргнал и заминал, туку како дел од тоа што сè уште го гради денес. Има силни корени во Македонија — семејство, пријатели, соработници, инженери, луѓе со кои поминал и добри и тешки периоди.

За почеток на нашиот разговор за најновото издание на бизнис магазинот Капитал вели: „Од перспектива на човек што долго живее и работи во Данска, мислам дека Македонија мора да излезе од психологијата на „евтин талент“ и outsourcing. Нашата следна шанса е co-creation: да бидеме дел од стратегијата, иновацијата, сопственоста и глобалнатите вредности. Тоа мораме самите да го направиме. Мојата проценка е дека имаме сили, знаење и луѓе. Потребна е фокусирана акција и волја„.

Капитал: Зоран, ако треба денес да се претставиш во една рамка, како би се опишал?

Велкоски: Би рекол дека сум претприемач. Builder и connector. Повеќе од 30 години работам во просторот околу пресекот меѓу инженерство, технологија, комерцијализација и креативност. Денес сум вклучен во неколку активни потфати – од deep tech и engineering, до high-end audio. Сепак јас ова не го гледам како листа на компании, туку како континуитет на работа и живот. Знаете со текот на времето, мојата деловна и професионална улога се промени. Вака би се опишал.

Во почетокот градев производи и фирми. Потоа почнав да градам партнерства. Денес, сè повеќе се гледам како човек што гради мостови меѓу различни пазари, технички капацитети, луѓе и екосистеми. Ете тоа ми е најточниот опис: не само founder, туку ecosystem builder.

Капитал: Во подготовката на интервјуто ми рече дека кога веќе прифаќаш едно вакво интервју важно ти е да не излезе приказна за твојот личен успех. Зошто? Како го замислуваш ова твое ретко обраќање пред македонската деловна јавност?

Велкоски: Затоа што тоа би било прекратко. Ако текстот остане само на тоа дека Зоран направил неколку компании, имал два exit-а и сега има нови проекти, ќе ја промашиме суштината. Мене ми е поважна големата промена што ја гледам околу нас.

Знаете мојата генерација почна во услови каде што често се извезуваше талент. А тоа веројатно и денес е така. Луѓето заминуваа, знаењето заминуваше, а вредноста често се создаваше и капитализираше на друго место. Не во Македонија. Денес гледам можност за поинаков модел: регионалниот талент да биде дел од core value creation – од стратегијата, од иновацијата, од сопственоста над резултатот.

Затоа би сакал ова да биде приказна за преминот од exporting talent кон co-creation. Не за еден човек, туку за еден модел што мислам дека е важен за Македонија и за регионот.

Виното ми е многу силна илустрација и инспирација за се ова што кажувам во ова интервју, и за тоа како размислувам воопшто. Затоа што Вранец за мене не е само сорта. Тоа е македонски карактер, тероар и идентитет. Уште од 2011 активно работев на тоа македонското вино да добие поголема видливост кај престижни меѓународни вински медиуми и списанија. Еден од важните моменти беше Regional Trophy на Decanter World Wine Awards 2013. За Chateau Kamnik Vranec Terroir 2011, а потоа и посетата на цел Decanter панел во Македонија, организирана преку Wines of Macedonia. Таквите моменти ја менуваат перцепцијата — не само за едно вино, туку за цела земја.

Денес, како Vranec Ambassador, мојата желба е Македонија да не се гледа како споредна винска земја, туку како земја што има автентичен квалитет, карактер и приказна што заслужува меѓународна почит.

За мене тоа е истиот – pattern – како и во технологијата: да земеш нешто што Македонија веќе го има — талент, тероар, карактер, знаење – и да помогнеш светот да го види, разбере и почитува.

Во виното тоа е Вранец. Во технологијата тоа се луѓето, знаењето и способноста да се создава глобална вредност.

Капитал: Вашите први претприемачки чекори се поврзани со Zo & Co. Каков беше тој период?

Велковски: Тоа беше време на многу малку вистински ресурси и многу импровизација. Почнав рано, околу 1989 година, во средина каде што немаше startup ecosystem, немаше акцелератори, немаше јасни патеки, немаше многу луѓе од кои можеше да научиш како се гради бизнис. Имаше глад, техничка љубопитност, дрскост и learning by doing.

Zo & Co за мене не е само една рана фирма. Тоа е периодот во кој се формираше мојот начин на размислување. Да не чекаш идеални услови. Да направиш нешто и кога нема доволно. Да ги соединиш техничкиот инстинкт и бизнис-инстинктот. Тоа искуство и денес го носам со себе.

Во тие години, особено средината на деведесеттите години, имав и една голема среќа: моите пријатели и кумашини, Предраг Чемерикиќ и Емил Стоименов, беа дел од градењето на телевизиски платформи како А1 и Канал 5. Тие ми помогнаа моите услуги да се рекламираат многу пошироко отколку што мојот тогашен бизнис реално можеше да издржи како маркетинг буџет. Тоа за мене беше важна лекција: понекогаш зад еден ран претприемачки чекор стојат луѓе што ти веруваат пред пазарот да ти поверува.

Тука првпат силно ја почувствував важноста на довербата и на пријателствата. Понекогаш претприемништвото почнува пред да постои екосистем што може да те поддржи. А потоа, подоцна, токму луѓето што поминале низ такви услови можат да помогнат да се изгради поинаков екосистем за следните генерации.

Капитал: Што ви смени Данска како бизнис средина?

Велкоски: Данска за мене беше голема пресвртница. Станува збор за многу позрела бизнис средина. Исклучителна деловна култура. Па и животна филозофија. Сосема поинакви стандарди, поинаков однос кон она што значи договори, процеси, доверба и долгорочно размислување. Ако треба да кажам една работа што Данска ме научи, тоа е дека trust (довербата) не е само лична доблест. Trust е економска инфраструктура.

Знаете, научив дека кога постои доверба, системите работат побрзо. Кога договорот значи нешто, не се троши енергија на постојано проверување. Кога луѓето мислат долгорочно, партнерствата стануваат посилни и компаниите можат да се градат постабилно.

Сепак, јас не ја гледам Данска како замена за Македонија. Ја гледам како втора школа. Од Македонија ја носам енергијата, гладот, импровизацијата и способноста да се гради од малку. Од Данска ја научив структурата, системот, довербата и долгорочноста. Најдобриот дел од мојот пат е токму спојот на тие две култури.

Капитал: Колку заминувањето во Данска значеше прекин со Македонија?

Велковски: Не. Воопшто не. И тоа ми е многу важно. Мојот пат во светот не беше прекин со Македонија, туку продолжување на многу односи што ги градев со години. Пријателства, соработници, инженери, луѓе со кои сум поминал и добри и тешки периоди.

Многу од тоа што сум го изградил надвор никогаш не било соло пат. Секогаш имало луѓе и од Македонија, директно или индиректно, кои биле дел од приказната. Затоа не сакам Македонија во текстот да биде само географија или место од кое сум тргнал. За мене Македонија остана дел од тоа што го градам.

Истото важи и за најблиските луѓе околу мене. Моето семејство во Данска ми даде секојдневна стабилност, grounding и чувство дека и најголемите амбиции мора да останат човечки. А мојата фамилија во Македонија ми остана морален корен, меморија, совет и внатрешна мерка за тоа кој сум.

Кога градиш компании, често се зборува за стратегија, капитал и пазари. Но … личната издржливост многу често доаѓа од нешто потивко: од луѓето што те држат приземјен, што ти кажуваат вистина кога треба, и што те потсетуваат дека вредноста не е само во резултатот.

Затоа ова не го гледам како носталгија или голема фраза. Го гледам како жива, практична и човечка врска: преку доверба, семејство, фамилија, пријателства и долгорочни соработки. Тоа е можеби најемотивниот слој на целата приказна, но е и најреалниот.

Данска за мене беше голема пресвртница. Станува збор за многу позрела бизнис средина. Исклучителна деловна култура. Па и животна филозофија. Сосема поинакви стандарди, поинаков однос кон она што значи договори, процеси, доверба и долгорочно размислување. Ако треба да кажам една работа што Данска ме научи, тоа е дека trust (довербата) не е само лична доблест. Trust е економска инфраструктура.

Знаете, научив дека кога постои доверба, системите работат побрзо. Кога договорот значи нешто, не се троши енергија на постојано проверување. Кога луѓето мислат долгорочно, партнерствата стануваат посилни и компаниите можат да се градат постабилно.

Сепак, јас не ја гледам Данска како замена за Македонија. Ја гледам како втора школа. Од Македонија ја носам енергијата, гладот, импровизацијата и способноста да се гради од малку. Од Данска ја научив структурата, системот, довербата и долгорочноста. Најдобриот дел од мојот пат е токму спојот на тие две култури.

Капитал: Еден од важните поглавја во твојата кариера е TekPartner. Што претставуваше таа компанија за вас?

Велкоски: TekPartner беше многу важна фаза. Тоа беше инженерска и технолошка компанија во Данска која покажа дека може да се создаде сериозна вредност преку комбинација на локална близина до клиентите, инженерска дисциплина и паметна прекугранична соработка.

Подоцнежната аквизиција од финска инженерска компанија не ја гледам само како трансакција. Ја гледам како потврда дека е создадена вистинска вредност. Но исто толку важно е што таа вредност не беше изградена само локално. Во неа имаше и долгорочна соработка со македонски технолошки и инженерски партнери.

TekPartner ми беше рана потврда на нешто што и денес го зборувам: ако односот е правилно поставен, Македонија не мора да биде само delivery capacity. Може да биде дел од модел што создава вредност, доверба и стратегиски резултат.

Капитал: Могу често зборуваш за разликата меѓу outsourcing и co-creation. Што точно мислиш за тоа?

Велкоски: Outsourcing сам по себе не е негативен. Многу компании почнале така и тоа има своја логика. Но … ако целиот идентитет на еден регион остане само во тоа да биде евтина испорака за некој друг, тогаш вредноста се создава таму каде е  оutsourcing-от (тука-Македонија) , а се капитализира на друго место.

Видете … мене ме интересира следниот чекор. Не – outsourcing -, туку partnership. Не – support function -, туку core capability. Не cheap labor, туку препознаено создавање вредност.

Затоа што … Co-creation значи дека луѓето од Македонија и регионот не се само извршители. Тие се дел од размислувањето, од архитектурата, од иновацијата, од стратегијата. Тоа е многу поважно и многу поздраво за иднината.

Капитал: Овој мотив се гледа и во твојата работа со македонското вино. Како се вклопува таа приказна?

Велкоски: Виното ми е многу силна илустрација и инспирација за се ова што кажувам, и за тоа како размислувам воопшто. Затоа што Вранец за мене не е само сорта. Тоа е македонски карактер, тероар и идентитет. Уште од 2011 активно работев на тоа македонското вино да добие поголема видливост кај престижни меѓународни вински медиуми и списанија. Еден од важните моменти беше Regional Trophy на Decanter World Wine Awards 2013. За Chateau Kamnik Vranec Terroir 2011, а потоа и посетата на цел Decanter панел во Македонија, организирана преку Wines of Macedonia. Таквите моменти ја менуваат перцепцијата — не само за едно вино, туку за цела земја.

Денес, како Vranec Ambassador, мојата желба е Македонија да не се гледа како споредна винска земја, туку како земја што има автентичен квалитет, карактер и приказна што заслужува меѓународна почит.

За мене тоа е истиот – pattern – како и во технологијата: да земеш нешто што Македонија веќе го има — талент, тероар, карактер, знаење – и да помогнеш светот да го види, разбере и почитува.

Во виното тоа е Вранец. Во технологијата тоа се луѓето, знаењето и способноста да се создава глобална вредност.

Капитал: Да преминеме на gMendel®. Зошто оваа компанија е толку важна во вашата сегашна приказна?

Велкоски: gMendel® е можеби најјасен пример за тоа што го нарекувам co-creation. Тоа е deep-tech / medtech компанија изградена преку грчко-македонска соработка, со founders од Македонија и Грција. Со база во Данска, со R&D присуство во Скопје, и со соработка во регионот, меѓу кои и со Институтот Демокритос во Грција.

Компанијата развива AI-powered, vertically integrated, IVD-certified платформа за точен, брз и достапен генетски screening, со силен фокус на newborn care. Кога зборуваме за newborn screening, не зборуваме за апстракција. Зборуваме за почетоците на нечиј живот, за родители што чекаат одговор, и за деца чија иднина може да изгледа сосема поинаку ако вистинската информација е достапна навреме. Ако го кажам едноставно: сакаме да помогнеме генетските нарушувања да се откриваат порано, попрецизно и поскалибилно. Да се намалат погрешните дијагнози, да се подобрат третманите и да се намалат долгорочните healthcare трошоци.

Она што мене ми е особено важно е дека регионот во оваа приказна не е периферија. Не е само support. Дел од интелектуалното и технолошкото јадро е тука во регионот.

Усвоив начин на размислување – да не чекаш идеални услови. Да направиш нешто и кога нема доволно. Да ги соединиш техничкиот инстинкт и бизнис-инстинктот. Тоа искуство и денес го носам со себе.

Во тие рани години, особено средината на деведесеттите години, имав и една голема среќа: моите пријатели и кумашини, Предраг Чемерикиќ и Емил Стоименов, беа дел од градењето на телевизиски платформи како А1 и Канал 5. Тие ми помогнаа моите услуги да се рекламираат многу пошироко отколку што мојот тогашен бизнис реално можеше да издржи како маркетинг буџет. Тоа за мене беше важна лекција: понекогаш зад еден ран претприемачки чекор стојат луѓе што ти веруваат пред пазарот да ти поверува.

Тука првпат силно ја почувствував важноста на довербата и на пријателствата. Понекогаш претприемништвото почнува пред и воопшто да постои екосистем што може да те поддржи. А потоа, некое време подоцна, токму луѓето што поминале низ такви услови можат да помогнат да се изгради поинаков екосистем за следните генерации. На тоа сум посветен.

Капитал: Во gMendel® важна улога има и проф. Ѓорѓи Маџаров. Зошто сакате посебно да се спомне неговата улога?

Велкоски: Затоа што тоа е многу силна порака. Проф. Ѓорѓи Маџаров е одговорен за истражувањето, развојот и управувањето со моделите базирани на ВИ како CAIO на gMendel®. За мене тоа не е само титула. Тоа е доказ дека сериозна AI и научна компетенција од Македонија може да биде вградена во срцето на глобално релевантна платформа.

Често зборуваме за тоа дека имаме талент. Но важно е да покажеме каде тој талент стои во реална вредносна структура. Во gMendel®, таквата компетенција не е на страна. Таа е дел од innovation core.

Затоа сакам луѓе како проф. Маџаров да се гледаат како дел од интелектуалната сила што може да го позиционира регионот многу повисоко.

Капитал: Неодамна gMendel® затвори seed round со Metavallon VC. Како треба да се чита таа вест?

Велкоски: Не би сакал тоа да се чита само како вест за пари. Секако, важно е што gMendel® го затвори seed funding round и потпиша strategic investment agreement со Metavallon VC од DKK 9 милиони, односно приближно 1,2 милиони евра. Но, вистинската важност е во валидацијата.

Пред инвестицијата имало повеќе од една година rigorous evaluation, due diligence и консултации со меѓународни експерти и healthcare professionals. Тоа значи дека инвеститорот не ја гледал само идејата, туку технологијата, тимот, пазарната потреба, регулаторната логика и потенцијалот за real-world impact.

Инвестицијата е насочена кон забрзување на глобалното deploy-ирање на технологијата за генетски screening низ Latin America, Middle East и Africa. Тоа е многу важно, затоа што gMendel® адресира проблем што не е локален. Станува збор за глобална потреба – особено во здравствени системи каде screening програмите сè уште се развиваат и каде next-generation решенијата можат да им овозможат на системите да прескокнат една цела фаза на застарена инфраструктура.

За мене, ова е и регионален сигнал. Имаме компанија со база во Данска, founders од Македонија и Грција, грчки VC фонд, R&D присуство во Скопје и потенцијален technology development hub во Грција. Тоа не е случаен спој на точки, туку можен нов модел за тоа како регионот може да гради длабока технологија со глобална амбиција.

Капитал: Во официјалната објава се спомнуваат и клинички резултати, глобален пазар и здравствен impact. Како тоа да се преведе за поширока публика?

Велкоски: Треба да се каже едноставно, но без да се поедностави премногу. gMendel® работи на тоа genetic screening да стане побрз, поточен, поскалабилен и подостапен. Во официјалната објава се наведува дека околу 7 милиони бебиња годишно се раѓаат со genetic disorders, а голем дел од тие состојби остануваат недијагностицирани или погрешно дијагностицирани.

Ако дијагнозата дојде порано, може да се промени целиот животен тек на едно дете и на едно семејство. Тоа е моментот кога технологијата престанува да биде апстрактна. Таа станува прашање на време, на шанса и на страдање што можело да се намали. Во таа смисла, gMendel® не треба да се гледа само како лабораториска или software технологија, туку како дел од идната healthcare infrastructure.

Здравствените системи денес сè повеќе инвестираат во AI-enabled healthcare, preventive medicine, genomics и population-scale health infrastructure. Светот се движи од реактивна медицина – каде системот реагира кога проблемот веќе станал видлив – кон превентивна, податочно информирана и попрецизна медицина. Newborn screening е една од најмоќните точки на интервенција во таков систем, затоа што временски доаѓа на самиот почеток на животот.

Во клиничките студии што се наведени во објавата, платформата покажува sensitivity up to 98% и specificity up to 100%. За пошироката јавност, тоа значи дека технологијата има сериозни показатели за точност и скалабилност. Но, за да стане ваква технологија вистински market-ready и system-ready, не е доволно само да биде добра технички. Потребно е правилно институционално позиционирање, ecosystem alignment и дијалог со вистинските healthcare, public-sector, payer, regulatory и AI-health stakeholders.

Тука е стратегиската тежина на приказната. Успехот не зависи само од тоа што е изградено, туку и од тоа како се вградува во здравствените системи. Ако тоа се направи правилно, ова не е само company growth. Тоа е можност за нова инфраструктура за рана дијагностика, за пофер пристап до генетски screening и, во најчовечка смисла, за намалување на непотребно страдање.

Капитал: Во gMendel® има и силна регионална оска – Македонија, Грција, Данска. Што значи тоа за вас?

Велкоски: Тоа ми е многу интересно, затоа што покажува нов тип на регионална приказна. Имаме founders од Македонија и Грција, инвестиција од грчки VC, R&D присуство во Скопје, научни и технолошки колаборации, и компанија што се развива од Данска кон глобални пазари. За мене тоа не е случајна географија. Тоа е можен модел за тоа како мали и средни екосистеми можат да се поврзат околу сериозна технологија и реална човечка потреба.

Од изјавата на Metavallon VC посебно е интересен делот за плановите на gMendel® да воспостави technology development hub во Грција, како и разговорите со Greek Ministry of Health за потенцијално усвојување на решението. Тоа значи дека приказната не е само Copenhagen-based startup story. Таа почнува да изгледа како регионална иновациска оска: знаење од Македонија, капитал и институционална врата од Грција, company-building база од Данска, и пазарна потреба што е глобална.

Дополнително, важно е што приказната веќе почнува да се препознава и во грчкиот бизнис и startup простор. Forbes Greece ја поставува gMendel® токму низ таа призма: како startup што развива технологија за откривање генетски нарушувања кај новороденчиња и што планира R&D hub во Грција. За мене тоа не е само медиумско внимание. Тоа е сигнал дека оваа приказна се чита како регионална healthcare innovation приказна, не само како уште една startup вест.

Тоа е важно и за мојата лична приказна. Ако зборуваме за bridge building, тогаш gMendel® е многу конкретен пример: Македонија, Грција и Данска не како одвоени точки, туку како поврзана мрежа на trust, AI competence, scientific ambition, капитал, институции и пазар. Тука се гледа разликата меѓу outsourcing и co-creation. Во ваква поставеност, регионот не е периферија. Тој учествува во архитектурата на решението.

Јас тоа го гледам како многу позитивен сигнал. Ако Македонија сака да биде дел од тоа што се гради глобално, тогаш мора да научиме да градиме вакви оски: со луѓе што си веруваат, со институции што разбираат што се гради, со капитал што има трпение, и со технологија што не е само паметна, туку корисна за реалниот живот.

Капитал: Освен gMendel®, спомнувате и OneUp Business & Engineering и Embedded.nu. Како се вклопуваат тие во приказната?

Велкоски: Не би сакал тие компании да звучат како набројување на активности. За мене тие се различни изрази на истата филозофија: вредност преку компетенција, структура, доверба и меѓународна соработка.

OneUp Business & Engineering ја спојува business логиката со engineering execution. Многу компании имаат добра технологија, но немаат доволно структура, јасност или усогласување меѓу комерцијалната амбиција и техничката реалност. Таму се обидуваме да помогнеме.

Embedded.nu е повеќе инженерски ориентиран потфат со нордиско позиционирање, фокусиран на embedded systems, product development и техничка длабочина. Таму квалитетот, довербата и long-term engineering mindset се клучни. Повторно, истата тема: не брза добивка, туку долгорочна вредност.


Капитал: Analogue Alchemy звучи сосема поинаку од deep tech и engineering. Што е тоа за вас?

Велкоски: Analogue Alchemy е поемотивната и поуметничката страна од мојата работа и мојот живот. Тоа е bespoke handmade hi-fi проект заснован врз fully analog, tube-based филозофија. Но … не го гледам како consumer electronics. Го гледам како functional art.

Станува збор за reference-level analog listening systems каде инженерството, индустриската убавина, материјалноста и музичкото искуство се спојуваат во една целина. Крајното искуство не е само звук. Тоа е тактилност, атмосфера, светло, дрво, метал, цевки, топлина и физичко присуство на внимателно создадени објекти. И тука клучни се соработките.

Пример, кај звучниците, Analogue Alchemy ја носи душата, Teoharov Audio ја носи инженерската прецизност, а Mono-Zero ја носи рачната изработка, дрвото и формата. Во таа синергија, hi-fi системот станува повеќе од техника — станува културно и слушателско искуство.

Ова е поврзано и со моето искуство со Јапонија. Живеев еден период таму, а потоа многу патував и патувам низ Јапонија. Таму научив дека технологијата и занаетот не мора да бидат спротивности. Во јапонската DIY audio култура, во jazz kissa и listening bar традицијата, звукот не е background. Тој е ритуал, концентрација, почит кон моментот. Тоа многу силно резонира со Analogue Alchemy.

Капитал: Спомнавте идеја за listening salon. Зошто ви е важен физичкиот простор во време кога сè оди дигитално?

Велкоски: Токму затоа што сè оди дигитално. Живееме во време на AI, automation, speed, scrolling и постојана фрагментација на вниманието. Analogue Alchemy за мене е свесно враќање кон присуство, ритуал и длабоко слушање.

Визијата е да се создаде посебен salon / listening space – најпрво во Копенхаген, а потоа можеби и во Берлин, Лондон или други градови – простор наменет за deep listening на pure analog, high-end reference system создаден под Analogue Alchemy.

Јапонското искуство ми помогна да го разберам тоа уште подлабоко. Во jazz kissa културата луѓето не одат само да слушнат песна. Тие одат да бидат присутни со звукот. Да седат, да молчат, да слушаат, да дозволат музиката да го промени темпото на денот. Во тоа има дисциплина, трпение и емотивна врска со звукот што денес сè поретко ја имаме.

Ова е можеби емотивниот крај на целата приказна. Од high-tech кон high-touch. Од градење компании кон градење искуства. Од функционалност кон значење. Во свет кој станува сè побрз и сè поневидлив, мене ме интересираат и работи што имаат тежина, материјал, топлина.

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ