Зоран Заев: Идниот развој на Берзата и на пазарот на капитал мора да бидат наша заедничка цел!
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Zoran Zaev берзаПремиерот Зоран Заев ја отвори 20. Годишна конференција на Македонската берза

Имаме заедничка обврска да го овозможиме тој развој од причини што поразвиените пазари на капитал им овозможуваат на компаниите пристап до поевтин капитал за нивен понатамошен развој, пазарно валоризирање и поголема флексибилност во однос на економските текови и шокови
Mи претставу-ва задовол-ство што ја имам честа да ја отворам оваа јубилејна 20-годишна конференција којашто традиционално секоја година ја организира АД Македонска берза, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија на отворањето на Конференцијата.
Тој истакна дека Македонската берза и пазарот на капитал се важен дел од економското функционирање на нашата земја и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни.
„Државата е тука да гарантира и обезбеди пазарни, слободни и транспарентни услови и односи во економијата како и атрактивна бизнис клима со еднакви можности, пазарни услови и правила за компаниите.
Во такви услови алокацијата на финансиските и економските ресурси и вишоци ќе се одвива по пазарни основи и по правила на саморегулација на пазарот преку понуда и побарувачка, што ќе резултира со зголемување на конкурентноста на компаниите и нивна поголема успешност во работењето.
04bТранспарентноста на компаниите на берзата ги прави поатрактивни за домашните и странските инвеститори и влијае позитивно на нивното корпоративно управување што воедно има позитивни ефекти во квалитетот на расположливите финансиски инструменти на пазарот на капитал.
Идниот развој на Берзата и на пазарот на капитал мора да бидат наша заедничка цел како важен сегмент кој придонесува за развој на економијата во целина, за јакнење на приватниот сектор и отворање на нови работни места.“, рече Заев.
Тој ја сподели со присутната публика информацијата дека Министерство за финансии неодамна почна со официјална котацијата на континуираните државни обврзници.
„Тоа е позитивен чекор чии импликации на среден и долг рок ќе ги почувствуваат сите заинтересирани страни – државата, инвеститорите и пазарот во целина.
Исто така формиран е Совет за развој на пазарот на капитал со кој раководи Министерството за финансии и има за цел да ги согледа и канализира интересите на сите засегнати институции и субјекти поврзани со идниот развој на пазарот на капитал.
Заложбите на Владата на Република Северна Македонија за системска поддршка на понатамошен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност се јасни и недвосмислени.
Имаме заедничка обврска да го овозможиме тој развој од причини што поразвиените пазари на капитал им овозможуваат на компаниите пристап до поевтин капитал за нивен понатамошен развој, пазарно валоризирање и поголема флексибилност во однос на економските текови и шокови.
Последните информации за 2018 година се дека расте прометот на Македонската берза за 120% во однос на 2017 што е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека се враќа довербата во македонската економија и расте оптимизмот на инвеститорите.
На самиот крај дозволете ми да посакам успешна дебата на денешната конференција којашто се одржува по 20 – ти пат во организација на Македонската берза на која ќе се отворат овие важни теми за дискусија кои од наша страна внимателно ќе бидат разгледани.
И да завршам како Претседател на Влада да ја споделам важната информација со сите вас, во оваа мала земја во центарот на Балканот се очекува стабилна и перспективна иднина, сериозна безбедност и сигурност, интеграциски процеси коишто веројатно треба да бидат за сите дополнителна мотивација да вложуваат на берзата, а преку тоа да помогнат и на државата. “, истакна Заев.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×