Зошто бизнисмените се одлучуваат за отворање фирма во офшор дестинација?
Објавено на од во Компании
Офшор компаниите ширум светот нудат низа поволности за компаниите, а и за основање на ваков тип на компанија не ви требаат и многу пари. Не ви требаат многу пари и  за годишни давачки, кои на годишно ниво се движат во просек од 100 долари, а фирмата функционира без обврски за водење книговодство и поднесување годишни извештаи на локалните власти. За добивката не се плаќа никаков данок, ниту пак, има потреба од локален директор. 
OFFSHORE-COMPANIES1

 

 

 

 

 

 

За секој вистински бизнисмен најважни две работи се остварување на профит и што е можно помали трошоци. И покрај тоа што многу од глобалните, а и од домашните компании последниве години се обидуваат да ја потенцираат и општествената одговорност, квалитетот и грижатаза клиентите, сепак тоа што најмногу ја интересира една компанија се профитот и ниските трошоци за работењето. И тука нема ништо спорно.

По големата финансиска криза која „удри“ врз глобалниот бизнис во 2008 година, многу компании беа принудени да применат строги мерки на кратење на трошоците, кои најмногу се одразија на бројот на вработени. Вработените беа првата жртва на кризата. Во овој период повторно на цена добија офшор дестинациите или даночни оази, кои во време на криза им дојдоа како кец на десетка на загрозените бизниси.

Ниските даноци и давачки, кои се основниот белег на офшор дестинациите, ја направија и Македонија посакувана дестинација за инвеститорите, а големи се и шансите и Велика Британија да игра на истата карта за да ја спаси економијата, на којашто по излегувањето од Европската Унија и се заканува сериозен удар.

Отворањето на фирма во офшор дестинации деновиве кај нас е повторно актуелно поради понудата за превземање на Макпетрол од страна Балкан Петролеум Холдинг ЛТД, за која многу се пишува во медиумите.

Отварањето компанија во офшор дестинација е секогаш добар чекор за профитабилен бизнис

Да видиме што  всушност значи отворање на фирма во офшор дестинација.

Офшор компаниите ширум светот нудат низа поволности за компаниите, а и за основање на ваков тип на компанија не ви требаат и многу пари.

За разлика од повеќето земји каде се бара висок основачки влог, во Панама, која е актуелна, на пр. можете да основате и фирма и за 600 долари.

Цените за основање на компании во офшор дестинации или даночни раеви како Белизе, Сент Винсент и Гренадин, Бермуда…се движат во просек од 1.000 до 1.500 долари.

Не ви требаат многу пари и  за годишни давачки, кои на годишно ниво се движат во просек од 100 долари, а фирмата функционира без обврски за водење книговодство и поднесување годишни извештаи на локалните власти.

За добивката не се плаќа никаков данок, ниту пак, има потреба од локален директор.

И секако за да отворите фирма во Панама или било која друга дестинација од ваков калибар, не треба да отидете таму. Затоа постојат фирми – посредници, кои се присутни и на Балканот.

Тие ја имаат сета потребна документација за било која офшор- дестинација, достапна онлајн на нивните веб-страници и одговор на секое прашање за отворањето фирма во офшор или дестинација која важи за даночен рај.

Важно е да се напомене дека поседувањето на офшор компанија не е нелегално само по себе. Секоја компанија бара постојан начин да ги избегне високите даноци и давачки, што е легитимно.

Тоа беше потенцирано особено и од страна на истражувачкиот тим кој ја објави приказната за „Панамските документи“.

Проблемот е во тоа што политичари или  криминалци ги користат овој вид на фирми за прикривање на идентитетот или за други нелегални активности.

Затоа офшор компаниите често се поврзуваат со даночно затајување или сериозни нелегални активности како „перењето„ пари.

Офшор дестинациите не им се непознати и на македонските бизнисмени

Јавна тајна е дека офшор дестинациите не и им се непознати и нашите бизнисмени, кои исто така бараат свои начини да се справат со кризата.

На времето омилена дестинација им беше Кипар, денеска се Белизе или Сент Винсент и Гренадин, островска земја која според податоците на Народната банка на Македонија со месеци е најголем инвеститор во Македонија.

Некои од компаниите се транспарентни и јавно ги споделуваат овој тип на информации, за некои пак,  дознаваме преку сториите во медиумите.

Она што треба да се каже е дека досега државна институција кај нас не регистрирала нелегален или сомнителен бизнис поврзан со овие дестинации, ниту пак истражувањата на медиумите дошле до сознание за криминал поврзан со фирми од Македонија, кои се одлучиле да користат офшор компанија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×