Зошто е добро да има повеќе жени во високиот менаџмент?
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

river WEBИако се вложува многу труд за подобрувањето на половата еднаквост во управните одбори и високите менаџерски функции во Македонија, па и во целиот свет се уште доминираат мажи, иако се побројни се истражувањата кои докажуваат дека поголемото учество на жените во високите менаџерски структури го зголемува профитот, ја зголемува стапката на поврат на капиталот и инвестициите, привлекува повеќе талентирани работници и ја подобрува општествената општествена одговорност на компанијата.

 

Eдно истражување направено неодамна во Велика Британија покажува дека на менаџерските позиции на големите фирми има повеќе мажи директори кои се викаат Џон, споредено со вкупниот број на жени менаџери.

Ова можеби најсликовито ја покажува се уште големата разлика меѓу половите кога станува збор за управувањето со големите компании.

И покрај вложениот труд во промовирање на половата еднаквоста, најновиот извештај на Еуростат покажува дека од 7,3 милиони лица на менаџерски позиции во Европската унија, поточно во фирмите со најмалку 10 вработени, само 2,6 милиони или 35% се жени, иако жените сочинуваат половина од вкупниот број на вработени во ЕУ.
Како и обично, статистиката открива големи разлики помеѓу земјите членки, а резултатите се прилично изненадувачки ако се појде од вообичаениот критериум на економска развиеност и чувствителност на општеството.
Најголем удел на жени на управувачките позиции е забележан во Латвија, што е единствена земја членка во ЕУ каде жените се 53% или мнозинство на менаџерските позиции. Следуваат Бугарија каде има 44% жени на менаџерски позиции, Полска со 44%, Ирска со 43% жени менаџери, Естонија (42%), Литванија (41%), Унгарија (41%), Романија (41%), Франција (40%) и Шведска (40%).
Она што паѓа во очи според податоците кои ги објави Еуростат е дека северно европските земји кои обично се најгласни за правата и вклученоста на жените немаат некои посебно добри резултати и дека развиените и побогатите земји начелно каскаат зад посиромашните земји во кога станува збор за вклученоста на жените во управувачките структури.
Интересно е што на крајот на листата се наоѓаат Германија, Италија и Кипар каде има само 22% жени на менаџерски позиции, а нешто подобро стојат Белгија со 23%, Австрија со 23% и Луксембург со 24% жени на менаџерски позиции.
Податоците за САД покажуваат дека во управните одбори на Fortune 500 компаниите само 20,2% се жени, и дека ќе бидат потребни 40 до 100 години за да се постигне родова еднаквост во корпоративните бордови на најголемите американски компании.
Податоците од публикацијата “Мажите и жените во Македонија” која ја изготви Државниот завод за статистика покажува дека се уште има големи разлики меѓу мажите и жените на работодавна функција.
На пример, од вкупно вработени 221.882 жени во Македонија во 2015 година, само 7.556 или 3,4% биле на работодавна функција. Тој процент е речиси двојно повисок кај мажите, според податоците кои укажуваат дека 7,6% од вработените мажи се на раководни функции.
Во Македонија има околу 30 илјади работодавци, од кои 7.500 се жени, а 22.500 се мажи. Значи само 25% од работодавците во Македонија се жени, а останатите 75% се мажи. Најголем дел од жените на работодавни функции се во фирми до 10 вработени.


Од вкупно вработени 221.882 жени во Македонија во 2015 година, само 7.556 или 3,4% биле на работодавна функција. Тој процент е речиси двојно повисок кај мажите, според податоците кои укажуваат дека 7,6% од вработените мажи се на раководни функции.

Многу истражувања направени во последните неколку години покажуваат дека компаниите кои имаат повеќе жени во своите менаџерски тимови и управни одбори остваруваат подобри финансиски резултати, остваруваат подобра стапка на поврат на капиталот.
Едно истражување кое го направи познатата консултантска куќа McKinsey, спроведено во 366 компании од целиот свет, покажува дека компаниите во чие раководство има изедначено учество на мажи и жени остваруваат поголем профит. Понатаму Истражувањето покажува дека компаниите во кои има балансирано учество на мажи и жени во менаџментот прават многу подобар избор на талентирани работици и покажуваат поголем успех во нивното задржување. Овие компании исто така имаат посилни односи со клиентите и носат подобри одлуки.
И едно друго истражување, пак, спроведено во Велика Британија, исто така покажува дека компаниите со повеќе жени во управните органи работат многу подобро од своите ривали, односно тие имаат 42% повисок поврат од продажбата, 66% поголем поврат од инвестираниот капитал и 53% повисок поврат на капиталот на акции.

Истото истражување заклучува дека родовата разноликост во управните одбори носи четири придобивки: ги подобрува резултатите на компанијата; компанијата е пореспонсивна на пазарот, има подобро корпоративно владеење, има пристап до поширока талентирана база на луѓе.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×