Зошто Фолксваген ја избра Турција пред Бугарија?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
„Платите во Бугарија плати те се ниски, но се применуваат правилата за субвенционирање на ЕУ, додека во Анкара ова прашање е „флексибилно“, откри концернот.
wНовата фабрика „Фолксваген“  ќе биде изградена во Турција. „Влеговме во завршни разговори“, рече на Андреас Тостман од управниот одбор на Фолксваген пред новинарите во Берлин.
Според него, во моментов се прецизираат најновите детали. Договорите може да бидат потпишани во рок од две недели и „можеби порано“.
Според изворите, новата фабрика на  „Фолксваген“, ќе се гради во Маниса, во близина на Измир и ќе произведува 300.000 возила годишно. За оваа намена ќе бидат создадени скоро 4.000 нови работни места. Изградбата ќе започне во 2020 година, а производството е предвидено да започне во 2022 година. Инвестицијата на германскиот концерн ќе вреди околу 1 милијарда евра.
Фабриката ќе произведува Volkswagen Passat и Skoda Superb модели за извоз во Источна Европа. 80 до 90% од производството ќе се извезува на растечките пазари на Источна Европа и Русија. Остатокот од производството ќе се продава во Турција.
Одлуката за изградба на нова фабрика „Фолксваген“ во Турција е политички оспорена. ЕУ го обвинува Ердоган за ограничување на слободата на изразување и правото на протест. Фолксваген одговари дека, сепак, Турција е земја-кандидат за влез во ЕУ со години. Во исто време, тие признаваат дека ситуацијата во земјата се влошила од неуспешниот обид за пуч во 2016 година.
„Фолксваген е свесен дека има репресии во Турција против критичарите на режимот и дисиденти“, рече Томас Стаг, кој лобира во полза на концернот. Сепак, тој потенцира дека Турција е развиена пазарна економија која ќе продолжи да расте во иднина.
Андреас Тостман од Управниот одбор на Фолксваген додава: „Веруваме дека ќе можеме да го одржиме нашето високо ниво во Турција – во однос на квалитетот на производот, во заштитата на синдикалните права на вработените и во човековите права во областа што можеме директно да влијаеме “.
Според „Фолксваген“, нивото на платите во Турција е пониско отколку во другите источноевропски земји за кои се дискутираше во врска со новата фабрика. Во Бугарија, која долго време се сметаше за алтернатива на Турција, платите се исто така ниски, освен што нема доволно квалификувани работници. Покрај тоа, Бугарија е обврзана со европските правила за доделување државни субвенции. Во Турција, сепак, за ова прашање се преговара“, рекоа од Фолксваген.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×