Зошто македонската економија се врти во круг, и како самите си го закопуваме патот кон ЕУ!?

Сепак, на крајот на денот, за Македонија е клучна политичка храброст за уставните измени за силно чекорење кон членство во ЕУ – со јасна комуникација дека тоа е инвестиција во иднината, а не капитулација. Без тоа, блокадата продолжува. Македонија не е осудена на 3% раст на БДП. Имаме потенцијал во ИТ, енергетика, туризам. Но, додека владата си го, и ни го, блокира ЕУ-патот, а реформите остануваат на хартија – ќе останеме во средната група на Балканот. Време е да престанеме со изговори. ЕУ не е спасител – таа е можност. А можноста ја земаат оние што ја заслужуваат со дела, не со „гаранциите што ги чекаме“. А кој, пак, ни гарантира дека воопшто ќе опстанеме како држава во овие времиња?

Македонија во споредба со Албанија и Србија (со најнови проекции од IMF (Меѓународен монетарн фонд) и World Bank (Светска банка) за 2025-2026 од март 2026. Македонија е стабилна на 3% раст на БДП (Бруто домашниот производ), но заостанува зад Албанија (која расте побрзо благодарение на туризмот кој забрзано се развива, FDI (странски инвестиции) и длабински реформи благодарејќи на преговорите со ЕУ за полно правно членство. Србија има пад во 2025 поради надворешни фактори, но се очекува опоравок.

Македонската економија веќе три децении се бори за „големиот скок“. За повеќе воздух во градите. Од независноста имавме неколку златни периоди со раст од 4%-5% (2000-2008), па кризи, пандемија, енергетска војна … Денес, во 2026, пак сме во истиот круг: реален раст од 2,8% во 2024 (IMF), 3,2% во првата половина на 2025 (World Bank), а проекции за 2025-2026 се движат околу 3%-3,2% (IMF: 3,4% за 2025, 3,2% за 2026 – World Bank: 3,1% за 2025, 3% за 2026).

Заклучокт е дека овој раст е подобар од нула, но далеку од доволно за да го стигнеме просекот на ЕУ. Дури и соседите на Македонија на Западен Балкан во моменти растат побрзо.

Зошто не растеме побрзо? Причините се главно домашни.

Прво, структурни слабости што ги носиме со децении. Ниската продуктивност, зависноста од ниско-платени странски инвестиции, слаба иновација, и образование што не одговара на пазарот. Според ММФ (Article IV, мај 2025), потенцијалниот раст е околу 3%-3,5% во најдобар случај. Емиграцијата на младите ја намалува работната сила за 0,5% годишно до 2030 (Светска банка).

Второ, лошо управување со јавните финансии. Буџетскиот дефицит 4,4% – 4.9% од БДП (Бруто домашниот производ) во 2024-2025, јавниот долг расте кон 60% – 63% (Министерство за финансии + World Bank).

Владите трошат многу на плати и пензии – популистички, но ги гушат капиталните инвестиции со слаби реализации. Капиталните проекти се реализираат со само 20% – 40% од планираното.

Трето, бизнис клима и владеење на правото. Корупцијата и спората судска заштита – инвеститорите бегаат. Индексите нè ставаат „умерено подготвени“, но далеку зад Албанија или Полска.

Самоблокадата на патот кон ЕУ

Најголемиот проблем е самоблокадата на европскиот пат. Преговорите се замрзнати од 2022/2023 поради уставните измени (вклучување на бугарската заедница во уставот на Македонија). Сегашната влада на Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ) категорично одбива да ги спроведе.

„Позицијата на Владата за уставните измени останува непроменета – нема да ги спроведеме без јасни гаранции дека евроинтеграцискиот процес нема да има нови блокади и билатерални услови.“

Резултатот е – нема отворање на кластери, нема полн пристап до EU Growth Plan. Европската комисија во Извештајот за напредок 2025 е јасна:

„Не се направени обиди за усвојување на уставните измени… земјата се обврза да ги спроведе, со цел да се вклучат во Уставот граѓаните кои се дел од други народи, како Бугарите.“

Како ова директно ја удира економијата?

Инвеститорите чекаат стабилност! Без напредок, ризик – премијата е висока. Повисоки се каматите. Нето странските инвестиции паднаа на 4,4% од БДП (World Bank 2025).

Понатаму … губиме милијарди евра од ЕУ фондовите.

Регионално заостануваме. На пример, Албанија напредува, ние стоиме.

Албанија привлекува повеќе странски инвестиции и развива туризам, Србија има поголем пазар, но, и проблеми со надворешни шокови – ние заостануваме поради политичка нестабилност и самоблокадата. Оттука и резултатот: раст од 3% наместо потенцијални 5%-6%. Тоа се илјадници изгубени работни места и помали плати.

Недостасуваат конкретни реформи: Фискална консолидација – дефицит под 3% до 2027. Судска реформа и анти-корупција. Образование и вештини – дуално, ИТ, зелени. Дедоларизација и поголем извоз.

Сепак, за Македонија е клучна политичка храброст за уставните измени – со јасна комуникација дека тоа е инвестиција во иднината, а не капитулација. Без тоа, блокадата продолжува. Македонија не е осудена на 3% раст. Имаме потенцијал во ИТ, енергетика, туризам. Но, додека владата си го блокира ЕУ-патот, а реформите остануваат на хартија – ќе останеме во средната група на Балканот.

Време е да престанеме со изговори. ЕУ не е спасител – таа е можност. А можноста ја земаат оние што ја заслужуваат со дела, не со „гаранциите што ги чекаме“.

Зошто на македонското општество и на младите им е потребна европската перспектива?

Не знам дали се разбираме, многу е важно да имате образувани млади луѓе кои почнуваат бизнис. Инвестираат. Малку се зборува дека е потребно образуван кадар кој бара работа, и бара можности да инвестира. Многу малку е ова присутно во Македонија. Потребен е тој европски дух и моментум за личен развој. Блокирани сме на тој пат поради отсуството на европерспектива.

Она што малку луѓе се свесни овде е дека парите се најмалиот проблем. Лесно е владата да обезбеди грантови за оние кои сакаат да почнат свој бизнис. Пари по светот има колку сакате … гледате нашите колку лесно доаѓаат до нив.

Но, она што времето сигурно ќе го покаже е следно – дека без знаење и вештини (клучот во ова ново време кое секојдневно оди напред преку вештачката интелегенција) владата и по сто илјади евра да ви даде … тие ке завршат во промашена инвестиција, лош стартап без иднина, или не дај боже ке бидат ефектно инвестирани во развојот на казино индустријата низ Македонија!?

Она што е фрампантно што во состојба на на никаква финансиска писменост, катастрофални се и податоците за тоа како лугето во Македонија ги користат своите пари!? Тие или се на сметка во банка или се под перница. Граѓаните не се ни свесни за можностите за инвестирање во обврзница (домашна нема, а странски има колку сакате), акција домашна или странска, инвестиции во бизниси … Единствено што знаат својата заштеда да ја набутаат во некоја мртва некретнина (станови) онака за не дај боже … пумпајќи го тој совршен балон.

Фрапантен е податокот дека во акции во Македонија инвестираат под 1% од граѓаните. На едно место во едно регионално балканско списание сретнав дека во Македонија во акции инвестираат нешто над 4000 лица …!!!??? И ние зборуваме за берзанско тргување …!? Македонските граѓани од незнаење се претворија во „неми посматрачи на она што го играат тешките блок инвеститори„, најчесто олигархија од девесеттите со натрупани незаработени пари од свои инвестиции. И аплаудираат од трибините. 

А што ќе се случи во следните 20 години? На пример, во Кина од 1 септември годинава ќе биде задолжително да се учи како да се програмира вештачка интелигенција. Значи, Кина ќе биде првата земја во светот што ќе воведе во училишниот систем не само како да се користи вештачка интелигенција, туку всушност и како да се програмира, што повторно покажува во која насока ќе оди овој свет. Ние овде за уставните измени се расправаме.

Во зависност од генерациите, децата што се раѓаат, можеби всушност нема да знаат за физички пари. Тие не знаат повеќе отколку што го гледаат тој виртуелен свет на YouTube и сè друго.

Не можеме ниту обичен модел да го копираме, оти се бавиме со ирационални теми.

Ние велиме дека немаме млади луѓе – си одат. Па ние немаме ни доволно образовани луѓе и информирани луѓе кои ке разберат дека за се ова да почне да се менува Македонија треба да тргне силно по патот кон ЕУ. Се друго е вид на „семејно насилство„.

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ