Зошто Меркел е против одлуката на ЕЦБ?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

“Што и да прави ЕЦБ, не треба да се занемари фактот дека импулсите за реалниот раст мора да дојдат од условите кои ќе ги постават политичарите. Потегот на ЕЦБ не ослободува европските политичари од одговорноста да ги реформираат економиите”, изјави Ангела Меркел по одлуката на Европската централна банка да отпочне со масивната програма на откуп на обврзници од земјите членки на еврозоната со цел да обезбеди поголема ликвидност во економиите.

Меркел смета дека поголоемата ликвидност во економиите нема да го реши проблемот со слабиот раст, бидејќи на пазарите веќе има голема ликвидност и затоа ги предуреди земјите од еврозоната дека мора да останат на патот на реформите.

За мерката за квантитативно олеснување се расправаше веќе неколку месеци наназад, но Европската централна банка не ја воведуваше затоа што не постоеше консензус дека нејзиното воведување ќе го реши проблемот со слабиот економски раст и ниската инфлација.
Најголем отпор и стравови има во Германија, каде што сите се уверени дека ако ЕЦБ почне да купува државни обврзници од Италија, Грција, Португалија или Шпанија, долговите од овие должнички хартии од вредност на крајот ќе мора повторно да ги плаќаат германските даночни обврзници. Овој аргумент држи вода ако некоја од овие земји прогласи банкрот и не ги отплаќа долговите, што ќе предизвика загуби во билансите на ЕЦБ. Во тој случај другите земји членки на еврозоната ќе мора да ги покриваат тие загуби. Овој страв дека германските даночни обврзници ќе мора да ги покриваат идните можни загуби на ЕЦБ беше причината зошто ЕЦБ толку долго чекаше да почне со оваа програма.

Исто така, германските економисти сметаа дека откупот на државни обврзници од страна на ЕЦБ ќе ги одврати периферните земји во еврозоната како Грција, Шпанија, Италија од потребните структурни реформи бидејќи тие со новиот инструмент на ЕЦБ ќе можат да издаваат обврзници и лесно да доаѓаат до пари без да ги прават потребните структурни реформи без кои нема да имаат економски раст.

По одлуката на ЕЦБ, тиражниот весник Билд на насловната страници излезе со наслов: Што ќе се случува сега со моите пари?, што само ја отсликува атмосферата во Германија.

Квантитативното олеснување како инструмент за заживување на економијата во изминатите пет години го користеа САД со цел да ја поттикнат домашната економија, а престанаа да го користат пред четири месеци бидејќи економијата почна да расте.

Дали квантитативното олеснување во еврозоната ќе ја заврши истата работа како во САД останува да видиме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×