Зошто нобеловецот Пол Кругман застана на страната на Ципрас?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нобеловецот Пол Кругман, кој е познат по неговиот став дека политиката на штедење која ја наметнува официјален Брисел е погубна за државите, смета дека грчкиот премиер Алексис Ципрас направил вистински потег со распишување на референдум, на кој грчките граѓани ќе се изјаснат за мерките за штедење.

„Скромниот раст во неколкуте квартали на задолжените земји не ги компензира зголемените последици предизвикани од петгодишната масовна невработеност“, истакнува Кругман во својата колумна во „New York Times“.

Тој потенцира дека најголемите губитници на таквата политика се лево-ориентираните партии поради прифаќањето на строгите мерки за штедење наметнати од меѓународните кредитори.

„Меѓународните кредитори (Европската Комисија, Европската централна банка и ММФ) сметаа дека новата грчка влада ќе „игра“ исто како и нејзините претходници, односно дека Ципрас ќе предизвика распад на коалицијата, а со тоа во владата ќе влезе нова партија од десниот центар. Но, Ципрас направи вистинска работа од две причини. Прво, ако победи на референдумот, грчката влада ќе го зајакне својот демократки легитимитет кој се’ уште е важен во Европа“, вели Кругман.

Од друга страна, до овој момент Сириза беше во незгодна политичка ситуација, бидејќи нејзините гласачи кои се незадоволни од се повеќето барања на доверителите околу мерките на штедење, не се спремни да ја напуштат еврозоната.

„Тоа се се потешки барања за помирување. На референдумот ќе се гласа кои од овие барања се важни и ќе му се даде мандат на Ципрас да направи се што е потребно, доколку „Тројката“ не попушти“, смета Кругман.

Според него, владите од државите доверители и институциите направиле огромна грешка со тоа што дозволиле да дојде до сето ова.

„Не можам да го обвинам Ципрас поради тоа што тој се засврти кон своите гласачи, а не спрема нив. Најпрво, излезот на Грција од еврозоната го плаши секого, вклучувајќи ме и мене, но „Тројката“  бара мерките за штедење да продолжат до недоглед. Можеби, но само можеби ова ќе ги натера да ја преиспитаат својата политика.

Можната девалвација која би се случила во Грција не би создала поголем хаос од постоечкиот и би отворила пат за евентуално заздравување до кризата“, пишува Кругман во својата колумна.

“Тројката му даде понуда на Ципрас за која се знаеше дека нема да ја прифати. Се работи за ултиматум со кој би се тргнала од власт оваа грчка влада. И да не ја сакате Сириза, ваков потег би требало да го вознемири секој кој верува во европските идеали”, предупредува Кругман.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×