Зошто Норвешка има толку пари за пензии?
Објавено на од во Економија
Во 1990 година, кога беше лансиран Државниот пензиски фонд со 200 милиони евра, никој не можеше да сонува за таков успех. Во 2008 година, кога изби глобалната финансиска криза, фондот имаше многу повеќе пари – околу 200 милијарди евра.
норВо тоа време, многу земји ширум светот се бореа со големи долгови, па со многу пари Норвешка стана важен политички фактор. И Државниот пензиски фонд може да си дозволи луксуз на инвестирање каде и да посака. И почна да ги повлекува своите инвестиции од нуклеарно оружје, тутунски производи и производи кои се штетни за природата или за кои се користи детскиот труд.
Неодамна, норвешката Влада одлучи постепено да се повлече од јагленот, нафтата и гасот. Ова значи дека Државниот пензиски фонд ќе ги повлече своите инвестиции од такви филијали, каде што дивидендите се особено атрактивни. На прв поглед, таков потег се вклопува во таа “морална инвестициска политика” со која фондот работи од 2008 година. Всушност, владата тврди дека одлуката е донесена не толку заради заштитата на климата и светските климатски цели, затоа што колкуи да се прагматични, таквите инвестициите (во фосилни горива) во иднина ќе станат несигурни.
Сепак, Државниот пензиски фонд има одлична слика насекаде. И дали се повлекува од пазарите на фосилни горива само заради стратешките финансиски проценки на Владата, или пак поради благородната идеја за заштита на климата – тоа се чини дека нема значење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×