Зошто паметните луѓе не се среќни и каква врска има тоа со „умствената зависност“?
Објавено на од во lifestyle

Пред две децении, професорот на Универзитетот во Чикаго спроведе една прилично интересна студија. Истражувачите замолиле околу 150 студенти да замислат дека добиле на лотарија и дека може да изберат само едно од два вида чоколада како награда.

Чоколадото А направено е до австриско млеко и вреди 50 центи и е во облик на срце. Додека чоколадото В е поголемо од чоколадото А, но е од ист состав, и вреди 2 долари, а е во облик на одвратна лебарка.

Кое чоколадо го избрале? И како се чувствувале после својот избор?

Како што и се претпоставуваше, 68% од студентите одлучиле да го изберат чоколадото во вид на „лебарка“. Но само 46% од нив предвиделе дека ќе се чувствуваат подобро кога ќе го изедат чоколадото.

Раж Рагунатан, професор на Универзитетот во Тексас, оваа студија ја навел во својата книга „Ако сте паметен, зошто не сте среќни?“, како пример на феномен под име „умствена зависност“.

Умствената зависност е тенденцијата да ја игнорираме или потценуваме важноста на нашиот инстинкт и чувство, а тоа пак на подолг период може да не прави помалку среќни.

Ако се вратиме на експериментот, ќе видиме дека студентите ја намалиле гадоста кон нешто што инаку не би го јаделе и ја избрале „рационалната“ опција за да добијат повеќе.

Умствената зависност и потреба да рационализираме сѐ што правиме, влијае на нашето однесување во многу ситуации. На пример, доколку избираме помеѓу две работни понуди, и можете да изберете работа каде ви се чини дека вашите идни колеги се подобри. Постои шанса дека ќе одберете помалку пријателска околина, во кое пак се работи според вашите критериуми, како на пример висока плата и компензација. Или можете да изберете работа со попријателски колеги и да си кажете на себе дека тоа е поради тоа што ќе се отворат некои други можности. Или не сте свесни дека пријателски настроените колеги влијаат на вашите одлуки или не сакате тоа да си го признаете.

И експериментот со чоколадото и хипотетичкото сценарио за работа имаат нешто заедничко – умствената зависност води до помалку среќа. Рагунатан истакнува дека понекогаш подобро е да се потпрете на промислените одлуки отколку на чувствата. Клучот на донесување одлука кој ќе донесе среќа е самосвеста: да знаете каква одлука носите и како таа одлука ќе влијае на вас.

Некои одлуки треба да ги донесете после многу промислување – како на пример купување на стан. Купување слики од друга страна, може да се заснова на чувства и инстинкти.

Ако можете да ги предвидите кои ситуации бараат рационални анализи и кои бараат инстинкти, може да балансирате меѓу овие две а со тоа и да ја зголемите шансата за среќа на долги патеки.

(BizLife.rs)

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×