Зошто политичарите во Европа повторно сакаат државна интервенција во бизнисот?
Објавено на од во АНАЛИЗА
Европските лидери ja преоткриваат привлечноста кон “тапкање по рамо” на невидливата рака на пазарот, како дел од напорите за соочување со силно субвенционираниот и помогнат од Владата, кинески капитализам, пишува The Wall Street Journal.
indstryИнтервенцијата на владите беше вообичаена практика и помогна во создавањето на корпоративни шампиони во децениите по војната, но по намалувањето на регулациите и зголемувањето на приватизацијата во 80-тите години на XX век практиката замре. Сега во Европа, која не успева да се справи со координираните од Пекинг компании и со економската моќ на САД, се повеќе политичари почнуваат да ја штитат државната интервенција.
Пред една деценија европските компании беа на врвот во најголемото светско рангирање. Денес на врвот, местата се узурпирани од Кина. И за повеќето Европејци, причината е далеку од  пазарните сили.
Дури и Германија, долгогодишен бранител на слободните пазари, го води овој пат. На почетокот од февруари министерот за економија, Питер Алтмајер, ја предложи првата национална економска стратегија од Втората светска војна. Тој сака да се заштитат виталните индустрии од странски превземања, и дури дозволува државата да стекне удел во компании од слични сектори.
“Јас сум голем поддржувач на пазарната економија, но оваа пазарна економија е загрозена од субвенции и протекционизам”, вели тој.
Алтмайер претстави својот план само ден само ден пред Европската комисија да го блокира создавањето на потенцијален шампион – спојување на железничката бизнисите на Siemens и Alstom. Двете компании, како и политичките лидери во двете земји, тврдеа дека договорот е потребна, за да биде создаден гигант, кој ќе може да се натпреварува со државната кинеска компанија. Бранителите на договорот го нарекоа спојувањето “Ербас во железничкиот свет”.
Француско-германската Airbus беше основана во 1969, за да конкурира Boeing и често е сметан за пример што може да постигне Европа, ако бизнисот и владата ги обединат силите.Комисар Маргрет Вестагер сепак не смета така. “Не треба да паднеме во стапицата на размислување дека поголемо е секогаш подобро”, вели таа. И укажува дека Европа може да се соочи со предизвици преку фер конкуренција.
Алтмајер сепак го критиква нејзиниот пристап: “Не можеме да правиме решенија за XXI век на база правилата од XX век”.
Претходните дебати се фокусираа на обидите на владата да создаде национални шампиони да работат на европската сцена. Денес, сепак, најголемите корпорации се од САД и од Кина. И, според многу политичари, правилата на ЕУ ги спречуваат европските компании да се натпреваруваат на светската сцена.
Подемот на американските технолошки гиганти како Епл, Фејсбук, Амазон, Гугл и многу други – на сметка на поранешни европски лидери, како што е “Нокиа”, ги поттикнаа Европејците да бараат “Европски Google” и слично. Подемот на кинеските компании како Huawei или најголемиот железнички провајдер – државниот CRRC – уште еднаш ја отвора дебатата.
Слично на тоа, германските политичари, исто така, го поддржуваат спојувањето помеѓу двете најголеми банки во земјата – Дојче банк и Комерцбанк – кои сè уште не можат да закрепнат од кризата и да се справат со гигантите како JPMorgan.
Вестагер, исто така, ја поддржува новата индустриска стратегија, но верува дека “визијата за нашите европски индустрии не треба да биде обликувана од најгласните гласови”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×