Зошто прогресивниот данок не е добар, и нема ништо да смени!?
Објавено на од во Коментари и анализи
GDP (БДП бруто домашен производ)
zikov za kolumna-2= C + I + G + (X-M)
C – потрошувачка на населението
(private consumption)
I – Инвестиции
(gross investment)
G – Потрошувачка на државата
(government spending)
X-M – Разлика меѓу извозот и увозот
(export-import)

 

Тема на денешниот мој коментар, мои читатели на Капитал, е анализа на тоа како Македонија 27 години го менаџира својот Бруто домашен производ (БДП). И дали воопшто го менаџира!? Сакам да покажам дека со стапки од 2% до 4% раст на БДП, Македонија не може да се надева на отскокнување од сегашната општествена состојба! А каква е таа состојба описно?

Многу сиромашни граѓани кои се исселуваат, младите луѓе иако се добро образовани, најверојатно се општо образовани без вештини, што значи се погрешно образовани, платите во приватниот сектор каде многу се работи се многу мали, дури и кај добро стоечките компании! Поради лош менаџмент работните места во приватниот сектор не се заштитени и постојано висат! Мотивот за работа е мал, револтот голем, следствено продуктивноста многу мала, што ги прави компаниите од Македонија неконкурентни на странските пазари. Изозот е мал, увозот дрматично голем, следствено трговскиот дефицит на земјата е убиствен. Инвестиции во приватниот сектор има, но далеку од доволно. Паралелно на тоа македонските приватни компании истоштени од транзицијата се презадолжени во банките! Во банките има се и сешто во релациите со компаниите, па може да се види дека како производ на полу легални односи имате некои богати поединци приватно, чии компании се драматишно задолжени. Тука останува впечатокот дека институциите немо гледаат пред можните криминали што се прават. Да видиме времето што ќе донесе.
Пензиските фондови се празни и не се знае како ќе се полнат! Исселувањето од земјата е дрматично затоа што перспективите се никакви!

Вистинските реформи се структурните реформи и пристапот до евтин капитал. Поддршката на државата за поедини стратешки сектори, квалитетни субвенции каде треба и отворање на широк фронт на капитални инвестиции во инфраструктура и енергетика. На крајот на оваа низа како последица ќе се појават зголемениот број нови работни места.
Во оваа фаза од развојот на Македонија и требаат реформи за создавање на поголема додадена вредност, за поголеми инвестиции и извоз, вработувања … Високи стапки на раст на БДП.
Е сега, клучен проблем за нас е зошто секоја влада од осамостојувањето до денес, наместо да приоѓа кон реформи во делот на факторите кои го создаваат и зголемуваат БДП на земјата, одат кон реформи со кои зголемува и продлабочува јазот меѓу малку создаденото и многу потрошеното. Распределбата на малку заработеното и позајмените кредити!?

Криминалот и корупцијата се форма на опстанок! Преку нив се прават и кариери и пари …

Зошто е тоа така?

Така е затоа што цело време во сите години на независност се бавиме сами со себе. Она малку што го заработуваме го распределуваме на крајно лош начин! Цело време очите ни се вперени во распределбата на БДП, а го изгубивме фокусот во тоа како го создаваме БДП!? Од каде ни се всушност на нас и овие пари што сега ги трошиме? Тоа е вистинското прашање … И како да го зголемиме и да создадеме нов БДП … Тоа е вистинскиот предизвик!?

За да илустрирам ова што кажувам за мојата земја, ќе се послужам со еден прост пример: Отварате маалски дуќан за прехрана. Немате пари. Немате ниту заштеда кој знае каква … Одите кај лихвар и позајмувате 700 евра со 5% камата на месец! Купувате производи за 700 евра и ги редите на полиците. Продавате со просечна маржа од 10%! Во случај се да продадете за еден месец сте заработиле само 70 евра. Од нив, 35 евра ќе ги дадете како камата кај лихварот … Но, тоа ќе се случи само ако продадете се. Ако не продадете немате толкава заработка, а обврската кај лихварот останува иста! Што сте направиле? Ништо … Сте рмбале цел месец како вол за слама …

Како ќе ја надминете оваа состојба?

Или ќе влезете длабоко во овој ваш бизнис и ќе дојдете до можност во дуќанот да ставите производи во вредност од 5.000 евра и ќе правите разни продажни финти за да ја зголемите продажбата. Или второ ќе го напуштите овој модел за преживување и ќе барате друг модел. Барајте реален бизнис. Инвестирајте. Заработувајте повеќе. Мислете.
Македонија се наоѓа токму во оваа приказна …

Да ја анализираме формулата од почетокот

Растот на македонскиот БДП во годините наназад се должи на растот на личната потрошувачка. Многу малку инвестиции … Но, личната потрошувачка во Македонија може да создава годишен раст од 2% до 3%! Ништо повеќе од тоа. Овде има и два големи дефекти и тие го прават растот на домашниот БДП неквалитетен. Прво, личната потрошувачка се зголемува кај граѓаните кои претежно работат во јавната администрација, кај пензионерите, и отприлика тоа е тоа … Вториот дефект е прилично опасен, а тоа е затоа што со растот на личната потрошувачка во отсуство на домашни производи произведени во домашната економија ние всушност го финансираме увозот на производите! И така во голем дел се продлабочува трговскиот дефицит!

За да биде оваа формула на БДП добра за Македонија потребно е да растат инвестициите во приватниот сектор и расходите на државата за капитални инвестиции кои ќе носат приходи. И двата овие индикатори на земјата се катастрофално лоши!
И затоа ние се занимаваме самите со себе … И нема да мрднеме уште долго, ако не го смениме начинот на размислување и, се разбира бизнис моделот на правење пари во економијата и зголемување на БДП, кој за Македонија не смее да биде под 6% годишно и долгорочно. Но, таков раст не може да се прави само со занимаваме како да ја згоемиме личната потрошувачка на сиромашните македонски граѓани.

За да биде оваа формула на БДП добра за Македонија потребно е да растат инвестициите во приватниот сектор и расходите на државата за капитални инвестиции кои ќе носат приходи. И двата овие индикатори на земјата се катастрофално лоши!
И затоа ние се занимаваме самите со себе … И нема да мрднеме уште долго, ако не го смениме начинот на размислување и, се разбира бизнис моделот на правење пари во економијата и зголемување на БДП, кој за Македонија не смее да биде под 6% годишно и долгорочно. Но, таков раст не може да се прави само со занимаваме како да ја згоемиме личната потрошувачка на сиромашните македонски граѓани.

Затоа, пораката до Министерството за финансии треба да биде дека проблемот не е во тоа дали од рамен данок ќе се премине на прогресивен данок на приходите! Оти тоа ништо не решава, а праќа лоша порака до инвестиорите! Вистинските реформи се структурните реформи и пристапот до евтин капитал. Поддршката на државата за поедини стратешки сектори, квалитетни субвенции каде треба и отворање на широк фронт на капитални инвестиции во инфраструктура и енергетика. На крајот на оваа низа како последица ќе се појават зголемениот број нови работни места.

Во оваа фаза од развојот на Македонија и требаат реформи за создавање на поголема додадена вредност, за поголеми инвестиции и извоз, вработувања … Високи стапки на раст на БДП.

Е сега, клучен проблем за нас е зошто секоја влада од осамостојувањето до денес, наместо да приоѓа кон реформи во делот на факторите кои го создаваат и зголемуваат БДП на земјата, одат кон реформи со кои зголемува и продлабочува јазот меѓу малку создаденото и многу потрошеното. Распределбата на малку заработеното и позајмените кредити!?

За прогресивниот данок најавен од Владата!

И покрај силните укажувања на македонската бизнис заедница во последните неколку месеци, Владата чудно остана на ставот прогресивниот данок да стартува од 2019 година. Згора на тоа проектираше и историски најголем Буџет за 2019 година од 3,7 милијарди евра!? Речиси сите бизнисмени овде предупредија дека оваа даночна реформа треба да се одложи за 5 години.

Да потсетам дека ефектите за кои зборуваше министерот за финансии Драган Тевдовски се сведуваат на вредност од 25 милиони евра, колку е проценето дека ќе се инкасираат во државната каса со воведувањето на прогресивниот данок. Гледано од аспект на една држава, па нека е тоа и Македонија, малку пари треба да инкасира државата преку овој зафат. А последиците од преодот од рамен на прогресивен данок ќе бидат далеку понегативни. Или со други зборови за една “шницла” на бедната македонска трпеза, Владата ќе заколи “вол” кој во моментот и ора и врши, и носи, па и ако е вол понекогаш и млеко дава! Се разбира со оваа метафора сакам да кажам и нешто друго!?

Еве, на пример, една ваква споредба: 25 милиони евра е помалку од само два големи криминали за кои СЈО има постапка – осомничениот криминал за патот Кичево-Охрид, чинам стануваше збор за околу 18 милиони евра, и осомничениот криминал за провизиите од кинеските кредити за двата патни правци. Ако педантно се соберат цифрите, решавањето на овие два предмети низ судовите прават многу повеќе од 25 милиони евра. Ако, пак, кон оваа цифра се додадат и запленетите пари за кои секојдневно слушаме дека се замрзнати на разни сметки на довчерашните првенци во владата како испумпани од Буџетот, тогаш ете дупло од овие пари кои, наводно ќе завршеле голема работа, ако сега данокот биде пропорционален, а стапката се зголеми!? Ако пак, се земе за точна изјавата на премиерот Зоран Заев дека годишно од ставката капитални инвестиции во Буџетот (повеќе од 400 милиони евра) се испумпуваат во непознат правец, што е за мене фрапантен наод со кој во најголем дел се согласувам, тогаш стопирањето на ова за мене, и за многумина како мене, би можело да значи суштинска реформа!?

Но, тогаш зошто е потребно една ваква авантура со прогресивниот данок, која во основа праќа силни негативни пораки кон инвеститорите, извозниците и сите што заработуваат високи приходи преку чесна и посветена работа. На улица, во приватниот македонски сектор, каков и да е килав, каков што е.

Да ги погледнеме уште еднаш аргументите на Министерството за финансии!

Тевдовски вели дека “преку напуштање на политиките на рамен данок и воведување на прогресивно праведно оданочување се планира да се соберат околу 25 милиони евра во буџетот со кои „ќе се финансираат мерки за намалување на сиромаштијата односно за спроведување на минималниот гарантиран приход со кој ќе се извлекуваат луѓето од сиромаштија и ќе се активираат на пазарот на трудот“.

Ова е секако за дебата, а дел од моите аргументи ги напишав на почетокот од овој текст!?

Министерот понатаму продолжува:

Како прво, се очекува да се намалат социјалните разлики, со што ќе се подобрат општествената кохезија и довербата помеѓу луѓето, односно она што економистите денес го нарекуваат општествен капитал. Понатаму, ќе се изврши редистрибуција од оние што заработуваат повеќе, кон оние што заработуваат помалку. Поради тоа што оние што заработуваат повеќе имаат помала склоност кон потрошувачка, со ова ќе се зголеми вкупната потрошувачка во општеството, со што, пак, ќе се влијае позитивно врз економската активност, вели тој.

Мојот коментар во овој дел е дека со оваа мерка која на другата страна има ефект од 25 до 30 милиони евра нема да се намали социјалната нееднаквост, која, се разбира е драматично висока во Македонија. За да социјалната нееднаквост се намали, и да се зголеми општествената кохезија, се потребни нови работни места, затоа што, најдобра социјална политика е отворањето на новите работни места (се разбира не во јавната администрација, или не само таму, или помалку таму, а многу повеќе во македонскиот приватен сектор и компании основани од македонски граѓани).

Што се однесува до зголемувањето на општествената кохезија на разните групи во Македонија, овој дел од ставот на Mинистерството за финансии мислам дека вишок во текстот, што би значело е џабе кажан. Затоа што општествената кохезија во земјата е нарушена и се нарушува веќе триесет години од независноста до денес. Од приватизацијата до денес. Од друга страна, после приватизацијата голем дел од општествените групи во земјата беа под силен удар на бесперспективноста на економијата и нејасните намери на новите сопственици на компаниите, кои многу малку се интересираа за бизнисот на претпријатијата што ги приватизираа, а многу повеќе се интересираа за финансиските трансакции меѓу фирмите и банките кои ги кредитираа. Компаниите се задолжуваа, голем дел од недвижностите на фирмите одека кај банките во хипотека, парите се трошеа ненаменски и така … Понатаму силните трошења од Буџетите (кои драматично се зголемија во последните десет години) во проекти кои не даваа добра економска база за земјата придонесоа голем од јавните буџетски пари да бидат искрадени на јавни тендери. Овде главен бизнис станаа јавните тендери. Како се зголемуваа тие, така паѓаше интересот за извоз, за она што се вели норма економија. Оттука, немаше инвестиции, не се отвораа работни места, напротив, се затвораа и растеше сиромаштијата.

Коментар заслужува и ставот на Министерството за финансии дека со измените ќе се направело прераспределба на оние богатите демек кои заработувале повеќе кон оние кои не заработувале или заработувале помалку.

Тоа не е добра мантра, а е лоша карма. Со ваква идеолошка платформа нема развој на економија, уште помалку повисоки стапки на раст на Бруто општествениот производ. Затоа што ниту тие што заработуваат повеќе се богати, а и не заработуваат кој знае колку, ниту оние кои се сиромашни ќе бидат побогати или помалку сиромашни. Демагошки е да се очекува дека директори, сопственици, интелектуалци, ИТ професионалци, спортисти, уметници, ќе бидат сега повеќе оданочени за да на сиромашните им осамне. Па нели тие се само 1%. Со оглед на тоа дека нели немаме средна класа, тоа значи 99% се сиромашни. Ајде да речеме дека еден добар процент се накај средна класа. Па како 1% на вакви богати како што ги гледаме низ улиците на македонските градови ќе ја подобрат состојбата на остатокот сиромашни? Мене ова не ми е јасно? Оттука, поентата ми е во следново.

Наместо да ги гледате овие 1%, гледајте како и на кој начина да се зголемат приходите на останатите 99%! Во оваа поента треба да лежи основата на секоја идна сериозна и структурно фундирана економска реформа во земјата! Значи, како да се зголеми приходот кај поединците???

Понатаму, во Министерството за Финансии велат дека “ќе се обезбедат повеќе пари за државниот буџет, а дел од нив ќе се искористат за воведување минимален гарантиран приход, а остатокот за подобрување на здравството, образованието и другите јавни услуги. „Преку сето тоа, ќе се подобри квалитетот на живот, што ќе придонесе и за забавување на трендот на иселување од земјата. Повисоките буџетски приходи ќе значат и понизок дефицит, а со тоа и забавување на темпото на раст на јавниот долг …”

Мојот коментар во овој дел би бил дека со ваква реформа нема да се намали иселувањето од земјата. Зошто некој доктор би останал во оваа земја ако платата му е 800 евра, кога за истата работа во Словенија или Австрија би земал 1.500 до 2.000 евра, и при тоа никој нема да го праша на која партија е член!? Зошто приватен земјоделец би останал на својата земја чекајќи и субвенции за годишен принос од да речеме 1.500 евра месечно, кога без да му ја мисли и да чека субвенциите да му стигнат, тој во Швајцарија или Германија работејќи на земјата на некои други газди може да заработи и до 3.000 евра притоа работејќи повеќе работи? Не заборавајте дека зборуваме за најголем дел социјални категории на граѓани каде императивот им е голата егзистенција. Излезете малку од Малиот ринг на Скопје, посетете ја Македонија низ внатрешноста па ќе разберете што пишувам …

Нашите луѓе ќе престанат да се иселуваат кога ќе почувствуваат дека се еднакви со оној дел од општеството што ја заробило оваа земја. Оној мал дел привилегирани и во банките и во судовите и во она што се вели македонски пазар. Проблемот на ова општество е во немањето еднакви шанси за сите …

Што мислите дека овие што се иселуваат се оперирани од идеи за претприемачки проект? Не знаат како треба? Немаат идеја за бизнис? За бизнис почеток? Сакаат ли да се селат? Секако дека не сакаат да се селат … Но, оваа земја е институционално многу сиромашна. И тие институции што работат се заковани во длабоки корупции, ги водат во голем дел неспособни луѓе кои од своите кабинети за сите овие години наназад создале дувло од криминал!

Затоа се селат луѓево!? Или да го потсетиме министерот за финансии, дека тие што се селат нема да останат тука затоа што платата им пораснала од 12.000 денари на 13.300 денари. Што е тука промената?

Понатаму, Министерството за финансии вели: „Корист од рамниот данок имаат само најбогатите. Тој беше воведен во Македонија да им служи на малкумина кои заработуваа многукратно повеќе од најголемиот дел од граѓаните. Тој им дозволи на најбогатите да се богатат уште полесно, оставајќи го мнозинството да се мачи да ги задоволи своите основни потреби за живот”.

Да, така е. И токму поради тоа сега главниот предизвик каде што Владата треба да ја троши својата енергија е како да се зголеми БДП, а не како да се распредели сегашниот за кој гледаме како го “јадеме”!?

 Еве како размислува реформаторот на Полска Лешек Белцерович!

Mислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Сиромаштијата може да се намали преку инвестиции во реалниот сектор на компаниите и преку зголемување на продуктивноста и отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станата побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Од друга страна, државата е должна да ги кине врските меѓу државата и моќни луге во бизнисите! Ако приходите на богаташите всушност доаѓаат од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите во едно општество, односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование. Ние би додале и до можностите за бизнис, пред се финансирањето.

Лешек Балцерович, кој сега е угледен професор на Варшавската школа, важи за архитект на трансформацијата на Полска од комунизам во капитализам. Балчеровиц, од позицијата на вицепермиер и министер за финансии во 1989 спроведувал „шок терапија“ за да се справи со хиперинфлацијата и од плански водена да создаде современа пазарна економија целосно ослободена од шепите на државата. Високите стапки на економски раст што и во време на економска криза ги остварува Полска и притоа, во последните 25 години остана единствена земја во Европа што одбегна рецесија се доказ дека тој добро си ја завршил работата”.

Тој неодамна даде интервју за Капитал. Зборуваше за тоа што треба една држава да направи за да изгради стабилни темели за економски развој. „Државата е лош менаџер“, вели Балцерович и додава дека „ независноста на државните институции и администрацијата од политичките партии е клучна, бидејќи кога државата е окупирана од една политичка партија демократијата ја снемува и тоа вообичаено се одразува лошо на економијата“. Тој вели дека земјата треба да биде што поотворена, да се залага за задржување на ниски даноци, но во исто време да ја зајакне контролата на трошењето на народните пари!

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×