Зошто Путин сака да победи Трамп на претседателските избори во САД?
Објавено на од во Политика

Трката за Белата куќа се уште трае, а нема сомнеж дека една од најврелите точки во дебатите меѓу кандидатите е и надворешната политика – јакнењето на позицијата на САД во глобалната арена и секако нејзините односи со Русија. Во трката за претседател во моментот има шест кандидати – двајца од Демократската и четворица кандидати од Републиканската партија.

Рускиот весник „Спутник“ прави анализа каква би била политиката на САД кон Русија на секој од кандидати, во која, на крајот се заклучува дека победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп би била најповолна за Русија.

Еве зошто:

Donald-TrumpТрамп веќе го етикетираат за проруски кандидати, иако, како што пишува весникот, тој тоа не е. И додека останатите кандидати се натпреваруваат за тоа кој ќе има поостра реторика против Русија, Трамп е доста избалансиран во однос на оваа земја. Не е непознато дека во повеќе наврати тој повика на нормализирање на односите со Москва, со оглед на тоа дека според него дипломатијата и почитувањето треба да бидат клучни точки во односите меѓу САД и Русија.

Тој исто така ги поддржа и руските воздушни напади во Сирија и се противи на американската поддршка за Украина.

Доколку Трамп победи на претседателските избори, постои надеж дека ќе биде продолжен дијалогот меѓу Вашингтон и Москва и дека ќе се укинат санкциите кон Русија. Трамп исто така е единствен од кандидатите, кој теоретски, би можел да го признае референдумот на Крим, но тоа би барало секако и одредени отстапки од Москва, заклучува „Спутник“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×