Зошто Самсунг би сакал да го купи Блекбери?
Објавено на од во Економија

Ројтерс објави дека Самсунг би дал 7,5 милијарди долари за Блекбери, што овие вторите го демантираа. Акциите на Блекбери за кратко пораснаа за 30%, па потоа следеше корекција.  Прочитајте зошто Самсунг навистина би сакал да го купи канадскиот производител на смартфони

Вчерашната вест на Ројтерс  дека корејската Самсунг Електроникс наводно понудила  7,5 милијарди долари за да ја купи канадската компанија  РИМ, производител на смартфоните Блекбери, за кратко ја крена акцијата на Блекбери за 30% на Вол Стрит. Потоа од Блекбери стигна демант на веста и акциите веднаш паднаа за 15% до крајот на тргувањето. Сепак, оваа шпекулација предизвика светските аналитичари да дискутираат зошто Самсунг навистина би сакал да го купи Блекбери. Од американскиот магазин Бизнисвик  велат дека има неколку причини: силното портфолио на патенти што Блекбери ги поседува, моќната  нова мобилна платформа и историјата на одличен хардвер. Сепак, како најсилен мотив на Корејците се спомнува безбедноста по која е позната платформата на Блекбери. А, безбедноста е главниот филтер за влез на пазарот на бизнис корисници на мобилната технологија.

На Самсунг му треба безбедноста што ја нуди Блекбери

Самсунг веќе ја објави својата долгорочна цел да влезе и да доминира на овој пазар, па затоа и агресивно ја промовира својата платформа за безбедност на бизнис мобилните комуникации, наречена KNOX. Единствениот проблем е што уредите на Самсунг работат на оперативниот систем Андроид, кој што има прилично лоша репутација кога станува збор за безбедноста. Па, без оглед на тоа колку силно Самсунг се труди да ја форсира безбедноста на своите уреди, тешко може да избега од сенката на Гугл, творецот на Андроид, велат аналитичарите од Бизнисвик. Со евентуалното купување на Блекбери, работите би биле поинакви за Самсунг. Ако постои едно нешто каде што Блекбери е неприкосновен, тоа е безбедноста на неговите уреди. Не случајно  и претседателот Барак Обама и други светски политичари користат  Блекбери.

Гугл и Мајкрософт најголеми губитници ако се случи аквизицијата

Најголемите губитници ако се случи ова преземање би биле всушност Гугл и Мајкрософт. Колку што повеќе софтверски компоненти би прибрал Самсунг со оваа аквизиција, а што не се дел од Андроид платформата, толку повеќе ќе се оддалечи Гугл од својот најголем партнер на пазарот, Самсунг. А, Мајкрософт, некогаш доминантен со своите платформи во бизнис сегментот на корисници, сега е “тепан“ на свој  терен од Гугловите евтини или бесплатни веб апликации и сосема неспособен да најде потпора во светот на мобилната технологија, заклучува Бизнисвик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×