Зошто скандинавските претприемачи се развиваат и во услови на високи даноци?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Skandinavija 1Даноците и бизнисот

Скандинавските земји се познати по комбинирањето на високи стапки на оданочување со високи нивоа на продуктивност на бизнисот. И покрај нивниот успех, сепак, малку е веројатно дека таков модел може едноставно да се повтори во други делови на светот. Еве во што се крие тајната на скандинавските економски модели.
Во сите скандинавски земји е присутна силна мрежа на инкубатори, обезбедувајќи им на новите бизниси финансиска и техничка поддршка. Овие почетни центри добиваат пари од јавни и приватни фондови, и често работат заедно со универзитетите и општинските власти за да обезбедат дека тие имаат регионален фокус.
Комбинацијата на високи даноци и висока продуктивност не е развиена преку ноќ – потребни се генерации за да се стигне до тоа ниво. Кога плаќате високи даноци и ќе видите дека добивате бесплатен лек, бесплатна квалитетна здравствена заштита и бесплатно високо образование, лесно е да се види вредноста што им се враќа на оние кои плаќаат даноци. Луѓето во Скандинавија сметаат дека нивните влади се чесни, вредни и се обидуваат да направат се што можат за населението.

 

Се вели дека даноците се една од двете сигурни работи во животот. Постои поговорка која вели дека во животот мора да се умре и мора да се платата даноци. Тие обезбедуваат витален придонес за државните приходи и можат да помогнат да ги обесхрабрат граѓаните да прават штетни работи. Но, кога се применува прекумерно, данокот може да има и ненамерни штетни последици.
Еден наводен недостаток е тоа што кога даноците се премногу високи, тие го задушуваат претприемаштвото, земаат пари од приватните иноватори и ги заклучуваат во јавната каса. Во САД – општество кое има аверзија кон даноците и е дом на светски компании како Apple и Amazon – ваквиот став е широко прифатен.
Сепак, оваа поврзаност меѓу оданочувањето и иновативноста не важи насекаде: скандинавските земји како Норвешка, Шведска и Данска редовно се рангираат меѓу најдобрите места во светот за започнување нов бизнис и покрај нивните високи даночни стапки. Добро познати бизниси Spotify, Just Eat и авиокомпанијата Norvegian се појавија од овој дел од светот и стигнаа до меѓународен успех.
Овие мали, северно-европски држави успеаја да продолжат со редистрибуција на големи приходи, без да ја дестимулираат напорната работа и корпоративните иновации. Иако ова не мора да значи дека спроведувањето на слични даночни политики надвор од Скандинавија ќе донесе исто таков успех, тоа укажува на тоа дека има повеќе од еден начин на водење бизнис.
Заклучоците кои се многу чести се дека повеќе индивидуалистичкиот англосаксонски свет го смета оданочувањето како товар, додека социјалните демократии на Скандинавија се среќни да придонесат кон поголемо јавно добро. Реалноста е посуптилна.


Даноците се намалуваат

Корпоративниот данок, на пример, е релативно низок во Скандинавија и се намалува во последниве години. Во Данска тој се намали од 50% во 1985 година на 22%. Во Норвешка корпоратиниот данок изнесува 24%, а стапката на данок на добивка во Шведска треба да падне на 20,6 до јануари 2021 година. Овие бројки се конкурентни со просекот на ЕУ (21,3%) и повеќето други развиени економии.
Постојат добри причини заради кои Скандинавија ги намалува стапките на корпоративните даноци. Во едно неодамнешно истражување од канадскиот тинк-тенк МЕИ, насловено Претприемништво и фискална политика: Како даноците влијаат врз претприемачката активност, ги разгледува даноците во 85 различни земји и утврдиле дека зголемувањето на данокот од 10 процентни поени го намалува бројот на бизниси за 1,9 на секои 100 луѓе.
Понатаму, не е секогаш точно дека намалувањето на корпоративните даночни стапки ги намалува вкупните даночни приходи. Очигледно, пристапите што ги преземаат Норвешка, Шведска и Данска не се идеолошки посветени на високите стапки на оданочување и, наместо тоа, претставуваат дел од поширок прагматичен, про-бизнис став.
Меѓутоа, мора да се каже дека скандинавските земји наметнуваат висок персонален даночен товар за нивните граѓани. Кога локалните и националните стапки ќе се комбинираат, Швеѓаните кои заработуваат над 662.300 шведски круни (63.717 евра) плаќаат 57% данок на доход. Големите заработувачи во Данска, исто така, може да очекуваат повеќе од половина од нивната заработка да оди кај владата, додека највисоката стапка во Норвешка изнесува 46,6%.
Даноците во Шведска, Норвешка и Данска се прогресивни, но исто така се порамни отколку во повеќето други земји. Во Данска, на пример, највисоката маргинална даночна стапка се применува на сите приходи поголеми од 1,2 пати од националниот просечен приход. За споредба, највисоката маргинална даночна стапка во САД се применува само на приходи кои се 8,5 пати поголеми од националниот просек.
Високите стапки на оданочување што ги имаат скандинавските граѓани се враќаат во форма на лични структури за поддршка; постои долг круг на оданочување кој се враќа како “меки пари”, кој потоа го храни претприемачкиот екосистем.
“Во Скандинавија, постои “систем на флексигурност”, објаснува Свемин Берг, управен директор на Nordic Inavation. “Ова значи дека иако вашата компанија може да не успее, сепак ќе имате пристап до социјалната држава. Како резултат на тоа, лошите страни да се биде претприемач е помали во споредба со другите делови на светот. Вие не мора да ја ризикувате целата своја иднина ако почнете бизнис – сепак ќе имате храна на маса, дури и ако не успеете”.
Даноците во Скандинавија не се особено високи за бизнисите или оние кои се борат да спојат крај со крај, но кога се разгледуваат низ целата земја, тие претставуваат значителен приход во јавните приходи. Сепак, регионот со право се смета за еден од напријателски настроени средини бизнисот.


Skandinavija 6Скандинавските стартапи цветаат.

Да се обезбеди ситуација во која даноците во Шведска, Норвешка и Данска ќе продолжат да ги поддржуваат системите за социјална сигурност на државите без да ги повредат домашните бизниси е тешка за балансирање. Посебно е предизвик кога станува збор за бизниси кои штотуку почнуваат.

Стартапите имаат озлогласено мала веројатност за успех – проценетите стапки на неуспех обично варираат помеѓу 50% и 90%. А високите даноци претставуваат дополнителна пречка. Не само што даноците го “јадат”и онака веќе малиот капитал на младите компании, тие исто така го намалуваат износот за потенцијални инвестиции што им е на располагање.
И сепак, скандинавските стартапи цветаат.
Данска, на пример, се гордее со најголемата мрежа на програми за поддршка за технолошки стартапи на континентот, а иновативниот фонд на норвешката влада дистрибуираше 2,3 милијарди круни на претприемачи и нови претпријатија во 2017 година.
Додека даноците во овие земји се високи, повеќе од јасно е дека нивото на поддршка што им се нуди на младите бизниси е исто така многу високо. Особено, стекнувањето со финансиски средства е релативно едноставно: стабилното политичко опкружување, во комбинација со просперитетна и добро образована работна сила, значи дека домашните и меѓународните инвеститори се чувствуваат сигурни во повратот на нивните инвестиции во поддржување на нови идеи.
Владината поддршка е исто така големо и сеопфатна. Даночните олеснувања за поттикнување на инвестициите, трошоците за истражување и развој и извозните трошоци се вообичаени во Скандинавија. Norvay Inovation во партнерство со Советот за истражување на Норвешка, им доделува даночни кредити на одобрени проекти, со дополнителна поддршка за МСП. Шведска има либерален став кон странските инвестиции, а во Данска, на крајот од 2017 година, беше објавен нов даночен пакет за подобрување на условите за инвестирање во капитал. Високите даноци со кои се соочуваат луѓето од Скандинавија се чини дека се структурирани на начин кој обезбедува финансирањето на претприемништво да не биде тешко.

“Обезбедувањето на финансии во Скандинавија е многу ретко проблем за стартап кој е иновативен, подготвен и способен”, вели Марван Ајаче, раководител на операции на Стокхолм школата за претприемништво. “Вообичаено, главните предизвици се изградбата на тим и транзиција од фаза на прототи, преку раст и профитабилност”.

На лично ниво, даноците во Скандинавија создаваат безбедносна мрежа која го олеснува започнувањето на нов бизнис. На претприемачите им се дава самодоверба да се обидат со храбри и ризични идеи, сигурни во знаењето дека државата на благосостојба ќе осигура дека тие нема завршат како бездомници. Овој социјален договор обезбедува отскочна штица за компаниите кои се иновативни, особено оние во технолошкиот сектор.


Давање и земање

Како што се внимава со високите стапки на оданочување да не се оптоваруваат новите бизниси, владите на Шведска, Данска и Норвешка имаат воведено и други мерки за поттикнување на претприемништвото. Шведската влада, на пример, субвенционираше купување на персонални компјутери во 1990-тите, поставувајќи ги темелите за денешното технолошко друштво. Слични стратегии за дигитален раст се користат и во Данска и во Норвешка.
“Историски гледано, Шведска (поточно во Стокхолм) доживеа серија среќни настани што доведоа до инженерски и дизајнски достигнувања кои, за возврат, овозможија развој и прифаќање на нови технологии”, објаснува Ајаче.
“Во 1980-тите, владата постави оптички влакна низ Стокхолм; и денес, поголемиот дел од домовите и бизнисите се подобни за гигабитен етернет преку оптички кабли. Во 1990-тите, владата ги субвенционираше персоналните компјутери, така што средната класа можеше да си дозволи компјутери дома. Ова значи дека денес, секој што е на возраст под 30 години пораснал со компјутер и е компјутерски писмен”.
Во сите скандинавски земји е присутна силна мрежа на инкубатори, обезбедувајќи им на новите бизниси финансиска и техничка поддршка. Овие почетни центри добиваат пари од јавни и приватни фондови, и често работат заедно со универзитетите и општинските власти за да обезбедат дека тие имаат регионален фокус. Заедно со скандинавските успешни приказни како Spotify, тие помагаат да се зајакне угледот на бизнисот во регионот.
Сепак, не сите млади претприемачи од Шведска, Данска и Норвешка чекаат во ред за владината поддршка: помошта исто така доаѓа во форма на длабоко вградена култура на соработка. Индивидуализмот е секундарен на колективизмот во Скандинавија, што значи дека претприемничките заедници – и поддршката што им ја даваат на новите бизниси – се вообичаени, особено во градовите Стокхолм и Копенхаген.
Генерално, Скандинавците веруваат во социјален код кој го поттикнува групното однесување и колективната хармонија.


Игра на сигурно

Културните норми во Скандинавија кои го ценат колективитетот над поединецот може да им помогне на претприемачите да најдат поддршка, но имаат и недостатоци. Наклонетоста кон усогласеноста и сомнежот за успех лесно можат да се појават, што помага да се објасни зошто претприемништвото и преземањето на ризикот почнаа од неодамна да добиваат пошироко прифаќање во скандинавските земји.
Претприемничката традиција не е особено силна во регионот и, дури и со растечкиот број на меѓународно успешни фирми. Ова произлегува, делумно, од културна аверзија кон ризик.
Постојат и други предизвици, кои веројатно ќе го зголемуваат притисокот врз економскиот модел на Скандинавија, вклучувајќи ја и зголемената нееднаквост и забавувањето на продуктивноста. Имиграционата дебата, исто така, може да ја загрози одржливоста на економските модели на овие земји. Ограничувањето на бројот на луѓе кои доаѓаат во регионот може да бидат политички популарни, но тоа би можело да предизвика проблеми за бизнисите. Во 2015 година нордиските претприемачи ги наведоа тешкотиите во лоцирањето и регрутирањето на квалификуваниот кадар како главен предизвик. Посилните граници може уште потешко да го направат тоа.
Нордиските претприемачи како главен предизвик ги наведуваат тешкотиите во лоцирањето и регрутирањето на квалификуван кадар. Затворените граници може тоа да го направат уште потешко.
“Талентот е дефинитивно болна точка за стартап фирмите во скандинавските земји”. На стартапите им требаат таленти од странство за да се задоволи побарувачката. Ограничувањето на имиграцијата не би било добро за бизнисите и за севкупниот економски развој”, вели Ајаче.
Иако Шведска, Данска и Норвешка се воспевани заради нивните робусни модели на социјална благосостојба, важно е овие земји да не се романтизираат: нивните домашни деловни средини имаат свои предизвици. И додека многу сопственици на компании се среќни да плаќаат високи даноци, некои веруваат дека намалувањето на владините трошоци ќе влијае многу позитивно за развојот претприемништвото.


Соодветна мерка

Преголемо симплифицирање би било да се каже дека скандинавскиот пристап кон бизнисот е оној што треба да се копира во целиот свет. Всушност, постојат специфични културни и социјални фактори кои објаснуваат зошто скандинавскиот модел на високо оданочување се покажа како успешен. Шведска, Данска и Норвешка се мали, во голема мера хомогени земји, што помага да се изрази блиско чувство на доверба меѓу членовите на заедницата. Оваа доверба се протега и на владата.
Истражувањето спроведено во 2016 година од страна на Sifo, шведска компанија за истражување на пазарот, покажа дека поголемиот дел од јавноста има позитивни ставови за Шведската даночна агенција, честопати фалејќи ја нејзината јавна услуга и придонес кон општеството. Спротивно на тоа, една анкета спроведена во САД во истиот период покажа дека повеќе од 50% од Американците имаат неповолно мислење за државната даночна агенција.

Комбинацијата на високи даноци и висока продуктивност не е развиена преку ноќ – потребни се генерации за да се стигне до тоа ниво. Кога плаќате високи даноци и ќе видите дека добивате бесплатен лек, бесплатна квалитетна здравствена заштита и бесплатно високо образование, лесно е да се види вредноста што им се враќа на оние кои плаќаат даноци. Луѓето во Скандинавија сметаат дека нивните влади се чесни, вредни и се обидуваат да направат се што можат за населението. Луѓето прифаќаат високи даноци затоа што им веруваат на политичарите дека ќе направат се што е можно за да обезбедат дека парите се трошат на начин што е корисен за целото население.

Со други зборови, јазот помеѓу политичарите и јавноста е помал отколку што би било можно во земја како САД. Ова осигурува да има поголема одговорност, со што високите даночни стапки се поприфатливи за вработените и за работодавачите.

Додека случаите на Шведска, Данска и Норвешка демонстрираат дека високите даноци не мора да ги убиваат иновациите, треба да се забележи дека овие земји се насочени кон поголем степен на либерализација на пазарот во последно време. Даноците остануваат повисоки отколку во, на пример, Велика Британија или САД, но тие имаат тренд на намалување. Во Данска, на пример, стапката на персонален данок на доход беше намалена за повеќе од 6% во 2010 година, што значи дека денес е блиску до рекордно ниско ниво.

Покрај високите стапки на оданочување, важни се и други норми на работното место. Според последните наоди на ОЕЦД, луѓето во Данска посветуваат 66% од нивниот ден, или 15,9 часа, на лична нега и забава. Слободното време кое го уживаат вработените во овие земји е поголемо во споредба со повеќето земји и тоа оваа слобода е добра за добросостојбата на вработените. Шведска, Данска и Норвешка често се рангираат меѓу најсреќните земји во светот. Очигледно, добро е и за претприемништвото.

Додека даночните политики секогаш можат да бидат поповолни за бизнисот, повеќето скандинавски граѓани изгледаат среќни да платат малку повеќе во споредба со англосаксонските земји – без разлика дали тие започнале свој сопствен бизнис или работат во друга компанија. Оданочувањето може да биде неизбежно, но неговото влијание врз иновациите не мора секогаш да биде негативно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×