Зошто сметам дека изборите за Претседател ќе немаат цензус!?
Објавено на од во Коментари и анализи
  • Zikov fotka za vnatreМојата слободна проценка е дека претседателскиот изборен процес ќе биде во криза во наредните недели. Мислам дека македонските граѓани немаат мотив овој пат да обезбедат законски цензус за изборите од 40% излезност. Политичката сцена е исцедена, безидејна, имаме криза на политичкиот и социјален дух кај граѓаните, измрцварени од се што се случуваше во минатите неколку, па и повеќе години. Затоа овие претседателски избори иако навремени, некако доаѓаат во погрешно време. И претседателските кандидати (со исклучок на Блерим Река) се некако анемични, со зорт тераат во кампањата … Некако како се да е кажано. Тоа се чувствува на сцената.

 

  • Кој губи од ваквата состојба? Сите, но најмалку ВМРО ДПМНЕ затоа што добиваат брутално истргувана слобода во замена за засекогаш изгубена политичка иднина на оваа нивна генерација политичари. Оваа партија ја остварува својата мисија зададена краткорочно без визија, со новото лидерство, а тоа е да (со помош на ДУИ како нејзин поранешен партнер во власта криминално практикувана, а добро исцртана во “бомбите”) да се неутрализира СЈО, да се извади најдоброто можно решение од судските процеси, да се спасат криминалците во тие процеси и да чекаат како паразити при евентуален пад на рејтингот на Заев (рејтингот на Заев е многу поголем од рејтингот на СДСМ) да се дојде на власт.

 

Неколку излезни резултати се многу важни по овие претседателски избори … Овие избори дури имаат и поголемо значење од само “претседателски” оти ова е тоа “спортско меѓувреме” кое треба да се измери за ново позиционирање на македонската политичка сцена … И во македонскиот и во албанскиот блок.
Како и колку се движеше политичката сцена во претходните неколку години!? Кои беа промените? Имаше ли реформи? Имаше ли реформи во клучната област, наметната од ЕУ и НАТО – право и правда … И зошто не?
Да објасниме …
Да се потсетиме на неколку клучни и пресвртни точки на политичката сцена во минатите неколку години. Најнапред “бомбите” кои траеја “клучно долго” и предизвикаа неколку пржински сеанси и договори по кои дојде до парламентарни избори во декември 2016 година. Да потсетиме дека СДСМ на тие избори освои 49 пратеници и не победи. Направи влада со ДУИ врз основа на неколку пресудни точки во нивната програма (поддржани од меѓународната заедница) како што се: СЈО, преговорите со Грција (кои резултираа со Договорот од Преспа), брз влез во НАТО и датум за преговори со ЕУ … Отприлика ова беа меѓниците на кои се потпираше потребата од формирање на Влада меѓу СДСМ и ДУИ (во услови кога другите албански политички партии беа послаби и не беа програмски во соработка меѓу себе). Таа Влада на СДСМ и ДУИ видовме како беше формирана и низ што мораше да помине на 27 април 2017 во Парламентот. За малку раѓањето на Владата на Зоран Заев ќе беше низ крвопролевање кое, ако се случеше, кој знае каде ќе ја однесеше земјата!
Што имаме денес?
Денес имаме една измрцварена политичка сцена и исто таква влада на СДСМ и ДУИ. Влада уморна од компромиси, со се уште добро двотретинско мнозинство во Парламентот (мнозинство креирано од стартни 49 СДСМ + 10 ДУИ + …. до вкупно 81 пратеници), но скапо платено низ компромиси, што би рекол еврокомесарот за проширување ХАН – “направете го тоа на балкански начин”! Од друга страна, од сите погоре наброени меѓници во владината програма на СДСМ и ДУИ остварено е само договорот со Грција (ок … овде треба да се спомене и договорот со Бугарија затоа што двата договори ја дефинираа новата подобрена меѓународна позиција на Македонија), и поканата за НАТО каде членството извесно е дека ќе се случи можеби и до крајот на годината (!?).
Денес, по вака поминатиот пат, се забележува дека рејтинзите и влијанието на владината коалиција во јавноста опаѓа! Сигурно нема да биде ништо ново ако кажам дека на ваквата стварност влијание имаше се што се случуваше со Преспанскиот договор, македонските компромиси, спорото менување на економските состојби и стандардот на населението, но сепак мислам дека најголемо влијание на разјадувањето на позицијата на Владата има неиспорачувањето на правдата (и во делот на бомбите и во делот на настаните од 27 април).
Македонското судство е во тешка криза. Специјалното обвинителство формирано со договорите од Пржино за расчистување на бомбите на Заев, денес е под силен удар за укинување. Укинување бара опозицијата чиј лидер Мицковски не покажа политичка волја за раскинување на минатото на партијата под водство на Груевски и без јасна поддршка на СЈО. Напротив, како што можеме да сведочиме за македонската политичка сцена опозицијата прилично вешто ги користи старите позиции од времето на Груевски за “темна трговија” зад завесите на политичката сцена, каде уцените кон Заев се големи! Влогот овде е иднината на Македонија, или држењето на “парализираната држава” како актуелна тема преку политиката на брутални уцени од страна на ВМРО ДПМНЕ.
Кој губи од ваквата состојба? Сите, но најмалку ВМРО ДПМНЕ затоа што добиваат брутално истргувана слобода во замена за засекогаш изгубена политичка иднина на оваа нивна генерација политичари. Оваа партија ја остварува својата мисија зададена краткорочно со новото лидерство, а тоа е да (со помош на ДУИ како нејзин поранешен партнер во власта криминално практикувана, а добро исцртана во “бомбите”) да се неутрализира СЈО, да се извади најдоброто можно решение од судските процеси, да се спасат криминалците во тие процеси и да чекаат како паразити при евентуален пад на рејтингот на Заев да се дојде на власт.
Велам пад на рејтингот на Заев, затоа што, како што сум напишал неколку пати на ова место, личниот рејтинг на Зоран Заев е прилично висок, за разлика од рејтингот на СДСМ (!?), особено на некои лица во таа партија кои своето постоење воопшто на политичката сцена го црпат преку процесот на континуирано грицкање од рејтингот на Заев … Што во суштина е опасно по иднината на оваа власт.
Сепак, тоа е пред се проблем на лидерот на СДСМ со кој проблем тој наскоро ќе мора да се соочи. Или нема да се соочи, но во спротивно ќе мора да се соочи со потешки политички последици …
Во ваква ситуација добива и опозицискиот албански блок на политички партии, кои евидентно го почуствуваа клучниот политички момент на сцената и се здружија во коалиција за претседателските избори (Алијанса на Албанците и БЕСА). На повидок е нова сериозна политичка сила чиј рејтинг во јавноста од ден на ден расте за сметка на забрзаниот пад на рејтингот на ДУИ кои на власт се од крвавата 2001 година до денес (со исклучок на дел во 2006 и цела 2007 година кога по потребното штимање и намирисување со владата на Груевски конечно “се земаа”).
А што сето ова има врска со претседателските избори!?
Па има! На пример, зад сцената се уште лидерите на политичките кланови се немаат договорено за судбината на СЈО. САД и Европската Унија очекуваат тоа да постои и понатаму во полн капацитет и да ги тера обвиненијата за криминали сторени во минатото, но и во иднината!? Но, деновиве на бирото на Претседателот на државата Ѓорге Иванов се појавија барања за аболиција на осудените за настаните на 27 април. Се прашувам … Можно ли е аболицијата да е на масата за преговори за иднината на СЈО!? Знаете во Македонија се е можно. Овде и најневеројатните ситуации, сепак се случиле. За тоа имаме милион примери …!?
Оттука, мојата слободна проценка е дека претседателскиот изборен процес ќе биде во криза во наредните недели. Мислам дека македонските граѓани немаат мотив овој пат да обезбедат законски цензус за изборите од 40% излезност. Политичката сцена е исцедена, безидејна, имаме криза на политичкиот и социјален дух кај граѓаните, измрцварени од се што се случуваше во минатите неколку, па и повеќе години.
Затоа овие претседателски избори иако навремени, некако доаѓаат во погрешно време. И претседателските кандидати (со исклучок на Блерим Река) се некако анемични, со зорт тераат во кампањата … Некако како се да е кажано. Тоа се чувствува на сцената.
Сметам дека најголемата промена по овие избори ќе се случи во новата политичка реалност во албанскиот блок преку фактот дека повеќе анализи упатуваат на заклучок дека Река може да освои меѓу 90.000 и 100.000 гласачи. Голем број гласачи Албанци кои Стево Пендаровски ги беше есапел на своето конто … Прашањето е дали тие гласачи меѓу кои има многу гласачи на ДУИ ќе излезат во вториот круг да дадат доверба на кандидатот на СДСМ. И дали тоа ќе биде доволно за цензус, ако се земе во обзир демотивираноста во македонскиот политички кампус … А има и уште една дилема … Зошто сите албански гласачи преќутно не би се обединиле зад фактот дека претседател Албанец може да биде Талат Џафери. Барем, што се вели, и “5 минути”!
Пет минути слава!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×