23 мај, 2025
2 mins read

Зошто стартапите пропаѓаат?

Од неусогласеност на производите со пазарот до неслога во тимот, ги анализираме најчестите причини за неуспехот на стартапите.

Зошто некои стартапи пропаѓаат, а некои не? Постојат мноштво причини, но во оваа прилика ќе издвоиме некои од најчестите грешки на претприемачите. Ако почнувате бизнис, статистиката е против вас, затоа што истражувањата покажуваат дека две третини од новоформираните компании никогаш не дочекуваат позитивен резултат. Добрата вест е што стартапите може да ја избегнат таа стапица со ригорозно дефинирање на проблемот што сакаат да го решат, со добивање повратни информации директно од купувачите и со проверување на бизнис концептот со помош на реални купувачи во реалниот свет.

„Еден од начините да обезбедиме внимание од страна на слушателите на нашите обуки е токму демонстрацијата на најчестите причини зошто стартапите не успеваат. Вообичаените виновници се тука – не постои потреба на пазарот, лош тим, недостиг на пари, пресилна конкуренција и лош бизнис модел“, вели за хрватски Lider Филип Стипанчиќ, партнер во Lean Startup Hrvatska  и стартап евангелист.

Списокот на причини за пропаста на стартапите е долг, затоа што како што рекол Толстој ‘…секое несреќно семејство е несреќно на свој начин’, па така и секој неуспешен стартап има свој начин на којшто стигнал до таму. Сепак, од сето тоа може нешто да научиме, затоа што ако разбереме каде лежи заканата, тогаш полесно е да превенираме лош исход.

Консултантската куќа CB Insights со години веќе прави истражувања post mortem на примерок од стартапи врз основа на коишто ги дефинираат најчестите причини, од коишто отсуството на пазарна потреба е секогаш при врвот.

Недостиг на пазарна потреба
Често водечката причина од којашто произлегуваат разни други причини (пр. недостиг на пари или фокус) може да се спречи со примена на методологија на развој на корисници во којашто примарниот фокус на почетокот се става на разбирање на корисниците и откривање на нивните вистински потреби. Ниту еден современа стартап програма не ја заобиколува оваа фаза, и покрај тоа што и понатаму голем број на тимови тврдоглаво ги турка своите идеи наместо да ги решава вистинските проблеми на корисниците.

Лош тим
Често почнува од самите основачи коишто немаат искуство или не се компатибилни, а продолжува со недостиг на компаниска култура и лоша организација на операциите. Стартапот е ентитет којшто креира во услови на голема неизвесност и односите помеѓу луѓето често подлежат на искушенија.

Недостиг на пари
Ова е често последица на неодговорното управување со парите и времето, а освен тоа што може да се спречи, еден совет е да не се зависи исклучиво од надворешно финансирање, туку што побргу да се создаваат приходи коишто ќе ги покријат трошоците на работењето.

Конкуренција
Ако е избран доволно голем и растечки пазар, а постои и јасна диференцијација во предложените вредности за купувачите, конкуренцијата нема да ја доведе во опасност егзистенцијата на стартапот.

Лош бизнис модел
Начинот на создавање вредност и одземање на вредност од пазарот се нарекува бизнис модел. Дефиницијата на стартапот е токму потрагата за одржлив бизнис модел којшто на иновативен начин ќе понуди и одземе вредност. Во процесот на развој, стартапот ќе се прилагодува на еден или друг начин, барајќи бизнис модел што може да го валидира  и да го направи одржлив, но ако не успее во тоа, веројатно нема да опстане. Инспиративно е да се чуе за некој креативен бизнис модел, но понекогаш и едноставните и проверени модели се поефективни.

Прерано скалирање
Во желба за изградба на компанијата и раст, стартапот може да тргне во скалирање (брзо зголемување на обемот на бизнисот: број на вработени, продажба) пред да биде подготвен за тоа, односно пред фазата на т.н. product market fit, што означува состојба кога целната група на корисници веќе го купуваат и користат продуктот, кажуваат и на други за него, во обем доволно голем што обезбедува раст и профитабилност. Последица на прераното скалирање е прекумерното трошење на придобивање на нови корисници, наместо фокус на нивна ретенција, односно кога сме сигурни дека тие повторно ќе купат од нас и нема да отидат кај конкуренцијата. На крајот ова доведува до негативен паричен тек што за стартапите е често пресуден. 

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ