Зошто светот се плаши од Brexit?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

 Европската Унија се чини минува низ најтешкиот период од своето постоење. Покрај должничката криза, напливот на бегалци од Блискиот Исток и Африка, сега ЕУ се соочува со уште една голема и реална опасност која се заканува да го уништи е вропскиот сон за заеднички пазар.

 

Европската Унија се чини минува низ најтешкиот период од своето постоење. Покрај должничката криза, напливот на бегалци од Блискиот Исток и Африка, сега ЕУ се соочува со уште една голема и реална опасност која се заканува да го уништи е вропскиот сон за заеднички пазар.

“Под теретот на масовниот прилив на мигранти и компромисите неопходни за да се задржи Велика Британија да остане членка, Европската унија би можела да се распадне”, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Кога ваква тешка изјава ќе биде кажана од човекот кој треба да ја претставува обединета Европа, тогаш навистина се случува нешто многу опасно.
“Ова е критичен момент. Последен час да ги слушаме аргументите и на другите, а не само своите”, предупреди Туск.

Во четврток и петок во Брисел се одржува самит, кој според Туск, ќе биде клучен за иднината на Европската унија. На овој самит европските лидери треба отворено да се соочат со напливот на мигранти и можноста за излез на Велика Британија од Унијата.

“Ризикот од распаѓање е голем и реален. Ова со што се соочуваме е многу кршливо и мора внимателно да ракуваме. Ако сега се скрши, никогаш нема да може повторно да се залепи”, вели Туск.
dcКамерун го има клучот

 

Туск признава дека според последните консулатциите од самитот нема никакви гаранции дека членките на ЕУ ќе постигнат некаков договор со Лондон со кој би се спречил излезот на Велика Бритаија од Унијата.
“Самитот во Брисел претставува пресуден момент за единството на Унијата и за иднинатата на Велика Британија во рамки на ЕУ”, предупреди Туск.

Сега клучот е во рацете на Дејвид Камерун. Премиерот на Велика Британија се заканува дека ако на овој самит во Брисел не добие гаранции дека ќе се направат потребните реформи на ЕУ кои Британија ги бара како услов да остане членка, тогаш уште во јуни годинава ќе се закаже референдум. На овој референдум граѓаните на Велика Британија ќе гласаат дали Велика Британија треба да остане или да излезе од Европската унија.

Светските пазари веќе се нервозни од реалната можност да се случи Брегзит (Brexit), термин кој веќе се употребува за излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Cartoon by David Simonds. Angela Merkel's hard line on debt threatens the euro project.Зошто светот се плаши од Brexit?

Инвеститорите и аналитичарите, кои само до пред неколку месеци беа приличо уверени дека нема шанси да се изгласа излез на Велика Британија од Унијата, сега се чини стануваат многу нервозни од реалната можност тоа навистина да се случи.

Стравот доаѓа од таму што ако Велика Британија изгласа дека земјата треба да излезе, тогаш ќе треба одново да се предоговораат сите услови за бизнис и трговија кои оваа земја ги има со ЕУ. Тоа би бил процес кој сигурно би траел најмалку две години, според проценките на аналитичарите.
Европската унија сигурно би морала да и наметне некои тешки мерки кои би можеле негативно да се одразат врз економијата, со цел да ги одврати другите земји кои би можеле да помислат да излезат од Унијата.

Доколку Британија излезе од ЕУ многу е веројатно дека странските компании би имале помал интерес да вложуваат во оваа земја, бидејќи ќе имаат потежок пристап до огромниот европски пазар.

Посебно прашање е како ќе фунционира секторот на финнсиски услуги во Велика Британија ако излезе од членството во ЕУ. Сега Лондон е дефакто финансиски центар на Европа. Другите земји може да не ја прифатат таа ситуација кога Британија би била надвор од ЕУ. Еврозоната може да инсистира сите трансакции деноминирани во евра да бидат преместени од Лондон. Банката HSBC  веќе го најави тоа и посочи дека ќе мора над 1.000 вработени да ги премести од Британија ако одлучи да излезе од ЕУ. Потоа тука е прашањето со Шкотска. Ако Шкотите гласаат да останат во ЕУ, а останатиот дел на Велика Британија изгласа излегување од Унијата, барањата на Шкотска за независност сигурно ќе добијат поголема смисла и поддршка.

Сите овие ризици ги упатуваат економистите на проценките дека ако се случи Брегзит тоа ќе има големи последици за економијата. Citigroup смета дека Брегзит ќе резултира со 4% понизок БДП на Велика Британија во следните три години. Германските аналитичари, пак, сметаат дека ќе има силен удар врз потрошувачката и бизнис довербата, што би можело да доведе до рецесија. Аналитичарите на Goldman Sachs сметаат дека фунтата ќе падне, што ќе има влијание на инфлацијата и монетарната политика на земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×