ЗОШТО ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА ПЕЧАТЕНИОТ МАРКЕТИНГ Е СЕ УШТЕ МНОГУ ВАЖЕН?
Објавено на од во lifestyle
Fotolia_16599013_Subscription_XLМногу познати компании почнуваат да се вртат кон рекламирање во печатени медиуми. Бидејќи не само што тоа е ефективно, туку поради тоа што клиентите им веруваат на магазините – таму отсекогаш има кредибилни вести и информации. Инвестирањето во реклами преку магазин е најсигурен начин да се зграпчи вниманието на професионалните носители на одлуки, кои ги читаат магазините секогаш кога им се потребни вистински податоци и одговори

 

Да се има различна маркетинг стратегија е најдобриот начин за вашата компанија да стигне до вистинската публика во вистинско време -  и да ја пренесе пораката која треба да донесе резултат и позитивно влијание. Сепак, со ограничен буџет и погрешна концепцијата дека традиционалните канали на рекламирање не конвенираат веќе во модерното време, многу компании се одлучуваат да го избегнат маркетингот во печатените медиуми, па тие пари ги релоцираат во нешто друго.

Но, реалноста е дека употребата на печатениот маркетинг останува силна дури и денес, во дигиталната ера. Печатот е еден од водечките можности кои им се достапни на брендовите, не само за да ја подобрат продажбата на своите клучни производи и услуги, туку исто и да ја подобрат свесноста за брендот и лојалноста.

Во 2014 година, 20 годишно момче лансираше печатен магазин кој излегуваше квартално (на три месеци) во кој ги раскажуваше приказните на нов начин. Тој не е единствен. Airbnb.com лансираше исто така квартален печатен магазин доцна во 2014 година, а популарни ТВ канали како Food Network и HGTV лансираа месечни публикации исто така.

Зошто овие добро познати компании почнаа да инвестираат повторно во печатени медиуми? Бидејќи не само што тоа е ефективно, туку поради тоа што клиентите им веруваат на магазините – таму отсекогаш има кредибилни вести и информации.

Кредибилитетот доаѓа рака под рака со рекламирањето. Ако сте во B2B индустрија која сака да испрати порака до публиката, инвестирањето во реклами преку магазин е најсигурен начин да се зграпчи вниманието на професионалните носители на одлуки, кои ги читаат магазините секогаш кога им се потребни вистински податоци и одговори.

Ова се шесте предности што ги нуди печатениот маркетинг :

Достигнува до влијателна публика

Според еден светски извештај, печатените магазини водат на листата во споредба со сите други канали кога станува збор за добивање на влијателни читатели. Уште повеќе, дигиталните и печатените магазини ги држат двете највисоки места кај агенциите за маркетинг.

Читателите на магазини се лојални кон публикациите. Тие се најчесто претплатници, а не случајни читатели. Тоа значи дека вие ќе се рекламирате пред таргетираната публиката постојано и постојано токму преку нивните омилени магазини.

Стигнуваат до клучните носители на одлуки

Главните носители на одлуки постојано ги пречешлуваат публикациите како Fortune и Bloomberg за да стигнат до информации кои ќе ги советуваат за тоа како да ги водат нивните компании. Тие преку нив се информираат како да ги имплементираат новите закони, или пак малите компании користат многу финансиски совети преку овие магазини.

Кога правните фирми или финансиските институции се рекламираат во овие публикации, тие директно им се обраќаат на оние што носат одлуки на кои овие услуги им се потребни. Имајте предвид дека читателите, печатените реклами ги гледаат како информации, а не нешто што им смета при читањето.

Ваквото рекламирање дава кредибилитет и престиж

Печатените медиуми како Time и Fobes циркулираат повеќе од еден век. Многу време пред луѓето да замислат дека ќе има нешто толку револуционерно како интернетот, информациите се поделуваат преку печатените публикации. Во тие преку стотина години, луѓето научија на што може да веруваат и што нуди добри и корисни информации – па таквите публикации затоа се денес се уште на пазарот.

Да се види вашата компанија во некој кредибилен и престижен магазин му дава престиж и на вашиот бизнис. На тој начин може да изградите доверба со вашата онлајн публика исто така. Доволно е при дигиталното рекламирање да напишете „како што е објавено и во Time магазинот“ па може да натерате многу дигитални читатели да ви се јават или преку клик да нарачаат нешто од вас, токму поради тоа што токму тој магазин тие го перципираат како влијателен.

Искористете ја можноста за локално таргетирање

Многумина ќе ви го посочат дигиталниот маркетинг како најдобар начин да стигнете до сите читатели и потенцијални клиенти, различни таргет групи и индивидуалци. Секако тоа е точно, но има еден голем проблем: механизмот за  блокирање реклами.

Затоа, една од најголемите придобивки на магазините е можноста да таргетирате на локално ниво и прилагодување на вашите продукти и услуги кон географски или други специфики. Плус, читателите секогаш ќе ја видат вашата порака, оти тука не постои блокирање на рекламите.

Печатот е антипод на мултитаскингот

Колку табови имате отворено на вашиот компјутер само во овој момент? Кога луѓето консумираат онлајн медиуми, тие всушност имаат отворено повеќе табови и најчесто се сред работно време или дома. На пример, преку скролање на социјалните медиуми тие може да кликнат на некоја рекламна порака, но нивната интенција е секогаш да се врата назад на социјалната мрежа. Плус, секогаш кога ќе пристигне нова порака или нов мејл, тие ќе ги исклучат табовите за да ги прочитаат пораките.

Ако барате публика која може да ја придобиете преку вашите пораки, таа ќе ја најдете преку печатените магазини. Кога луѓето читаат магазини, нема отворено табови кои ќе им го свртат вниманието. Една студија покажува дека на студентите им е полесно да се концентрираат кога читаат печатено, отколку кога гледаат на екран – оти тогаш прават мултитаскинг и не се сконцентрирани на тоа што го читаат.

Долго живее пораката

Просечниот живот на дигиталното рекламирање е само неколку секунди . Тогаш кога читателите ќе ја поминат пораката или ќе кликнат на друга страна, нема шанси да се вратат назад за да ја види пораката повторно. Единствена надеж за тоа е огласувачот да го таргетира тој корисник, но тогаш расте ризикот читателот да се чувствува како да е демнет.

Кај печатеното рекламирање од друга страна, читателот може да се врати на рекламата одново и одново. Исто така често се случува читателот да го даде магазинот на друга личност со што и вашата рекламна порака патува понатаму. Според истражувањата, после датата од продажбата на магазинот, читателот го чита или разгледува магазинот и до десет недели потоа.

Печатеното огласување носи многу предности како: попосветени  читатели, потрајни пораки и ефективно таргетирање – особено кога сакате да стигнете до професионална публика која чита бизнис магазини. Освен овие важни бенефити, печатеното секогаш ќе има повлијателна позиција кај читателите, нешто што дигиталното никогаш нема да може да го достигне. Без разлика колку нова и одлична е технологијата, луѓето секогаш ќе тежнеат кон печатеното – тие имаат поголема доверба во пораките објавени таму.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×